„Уште немаме прецизен датум, не знаеме точно кој ден, но може да очекуваме тоа да се случи идната седмица. Потоа, веднаш процесот повторно се враќа во Парламентот во Атина и исто така ќе биде тоа прашање на неколку денови, со тоа практично ставаме точка на една цела ера. Со тоа завршува спорот, меѓутоа влегуваат во сила и Преспанскиот договор и амандманите на Уставот“, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на новинарско прашање пред денешната дебата организирана од Институтот за демократија Социетас Цивилис за европските перспективи на земјата за време на романското претседателство со ЕУ.
Димитров рече дека Македонија ќе добие столче во НАТО штом се добри пристапниот протокол, кој значи изменување на Вашингтонскиот договор.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе ја има привилегијата на министерско ниво во февруари кога ќе биде министерскиот состанок.