• Latest

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026 16:33
in АКЦЕНТ, ДИСКУРС, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Руската пропаганда насочена кон Западен Балкан и Европа станува сѐ пософистицирана, поприлагодлива и поопасна, токму затоа што сѐ помалку изгледа како пропаганда. Наместо отворени прокремљовски пораки, денес доминираат наративи што звучат како легитимни политички ставови, рационални аргументи или автентични јавни грижи. Целосната верзија на овој специјален извештај на англиски јазик е достапна на CIVIL Today. Извештајот го подготви нашиот колега Џабир Дерала врз основа на мониторингот на тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ).

Во изминатиот период се забележува засилување на неколку клучни наративи.

Првиот е анти-НАТО наративот, според кој НАТО е агресор, а Русија и нејзините сојузници се жртви на западна експанзија. Во оваа рамка, воените вежби, одбранбените политики и безбедносните иницијативи на Алијансата се претставуваат како подготовка за поширока војна.

Вториот е наративот дека Европската Унија се милитаризира и ја турка Европа кон воен конфликт. Овој наратив се шири преку пораки како:

  • „Европа се подготвува за војна“
  • „Брисел сака постојан конфликт“
  • „НАТО ја ескалира кризата“
  • „Граѓаните ќе ја платат цената на елитните воени агенди“

Особено влијателен е процесот на „перење“ (laundering) на наративите. Пораките што првично доаѓаат од руски пропагандни екосистеми, преку српски медиумски и дигитални мрежи се преформулираат во многу поприфатлива форма: како „мировен став“, „неутралност“, „економски реализам“, „одбрана на суверенитетот“ или отпор кон „западен притисок“.

Сѐ пософистициран е и анти-ЕУ наративот. Наместо груб антизападен говор, денес се промовираат пораки дека:

  • „Членството во ЕУ значи трајна потчинетост.“
  • „Брисел постојано ги менува правилата.“
  • „Земјите кандидати се третираат како граѓани од втор ред.“
  • „Суверенитетот е неспоив со европската интеграција.“

Овие пораки се потпираат врз реални слабости — корупција, институционална слабост, демократска стагнација и недоверба во институциите.

Дополнително, се забележува силна конвергенција меѓу кремљовските наративи и европската крајна десница. Антимигрантската реторика се спојува со анти-ЕУ и анти-НАТО пораки, а суверенизмот се претвора во средство за антиелитен популизам.

Најопасната пропаганда денес не е очигледната лага, туку наративот што звучи разумно, патриотски и прагматично. Хибридното влијание не мора сите да ги убеди во лагата — доволно е да создаде сомнеж во вистината, во институциите и во заедничките факти.

Д. Мишев

 


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ