• Latest

11 февруари: Северна Македонија, НАТО, „спорен“ член на ДКСК, насилство, екстремизам и #Перспективи2019

February 11, 2019

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

11 февруари: Северна Македонија, НАТО, „спорен“ член на ДКСК, насилство, екстремизам и #Перспективи2019

February 11, 2019 16:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преспански договор

Денеска започна промената на натписите на државните органи и Собранието, со што се спроведува уште една фаза од Преспанскиот процес. Натписот „Влада на Република Македонија“ веќе е отстранет од фасадата на владината зграда, a негово место се поставува натписот „Влада на Република Северна Македонија“.

Денеска треба да бидат поставени и првите табли со „Северна Македонија“ на граничните премини, а првиот ќе биде граничниот премин „Богородица“, главниот премин на границата со Грција.

НАТО

Владата се подготвува и за свечена церемонија по повод подигнување на знамето на НАТО пред владината зград. Церемонијата ќе се одржи утре во 11 часот, а се очекува да се обрати и премиерот Зоран Заев. 

Изборна кандидатура

Конечно, познат првиот пријавен кандидат за претседател на државата на претстојните претседателски избори во април, што одгoвори на конкурсот на СДСМ.

„Почитувани новинари и медиумски куќи, јас, амбасадорот проф. д-р Ѓорѓи Филипов, на 11 февруари 2019 година, понеделник, ќе поднесам пријава за кандидат за претседател на Република Македонија на отворениот повик за претседателските избори за 2019 година на СДСМ“, соопшти Ѓорѓи Филипов.

Филипов е доктор по технички науки, а дипломирал на Мапинскиот факултет на универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1981 година. Тој беше амбасадор на Македонија во Германија, Австрија, Јапонија и Словачка.

Попис

Финалното решение за тоа кои прашања ќе бидат вклучени во пописот кој, според најавите, треба да се реализира во 2020 година, ќе го донесе Собранието на Република Македонија, каде што треба да се донесе и Законот за Попис 2020.

Ова денеска го соопшти Државниот завод за статистика отфрлајќи ги шпекулациите дека следниот Попис на населението ќе се реализира без прашањето за етничка припадност.

Антикорупција

По обелоденувањето дека Нури Бајрами, веќе член на Државната комисија за спречување на корупција, е баџанак на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со свои изјави илзегоа и неколку министри, новинари и самиот Бајрами.

Новинарот и уредник на Слободен печат, Бранко Героски го повика Бајрами да се повлече од членството во ДКСК, а Бајрами одговори дека не бил во најблиски односи со Џафери и дека самиот избор на новата ДКСК бил транспарентен.

Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека не е прекршен законот со неговиот избор. Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација, изјави дека јавноста  требало да реагира навремено, а самата ДКСК треба да одлучи дали има судир на интереси или не.

Семејно насилство

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска посетија еден од шелтер центрите во кои се засолнети жртви на семејно насилство. Целта на посетата беше да им се даде березервна поддршка и заштита на жените кои преживеале насилство од своите партнери, но и уверување дека државата ги презема сите потребни чекори за борба против насилството врз жените.

Насилен екстремизам

ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска потпиша Меморандум за партнерство и соработка со Општина Тетово во сферата на превенција од насилниот екстремизам, радикализацијата и тероризмот. Исто така, се одржа и работна средба „Заедниците против насилниот екстремизам“, со претставниците на локалната власт и институциите, полицијата, училиштата, како и организациите на граѓанското општество.

#Перспективи2019

На конференцијата #Перспективи2019, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода што ќе се одржи утре во Кино Култура, со почеток во 11 часот, свои воведни излагања ќе имаат  германскиот амбасадор Томас Герберих и Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

На конференцијата ќе се зборува за темите „Меѓу надежите и реалноста“ (посветена на општествено-политичките процеси и економските прашања) и „Историски завршници и отворање на новите перспективи“ (Евроатлантски интеграциски процеси). Меѓу говорничките и говорниците ќе бидат проф. Мирјана Најчевска, Џевдет Хајредини (поранешен министер за финансии), Мерсиха Смаиловиќ (Легис), Бранко Героски (Плусинфо), Александар Кржаловски (МЦМС), Розета Трајан (ДКСК) и други.

Настанот е дел од проектот „Граѓанките и граѓаните за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ