Со кукасти крстови, СС – обележја и оружје, околу стотина неонацисти го одбележаа „Денот на честа“ во Будимпешта, на 9 февруари 2019 година. Неонацистите овој настан го одбележуваат од 1997 година, а од 2003 година организатор е унгарската фашистичка група „Крв и чест“.
https://www.facebook.com/juedischesforum/videos/2266543073365995/
На настанот учестуваа и неонацисти од други европски земји, како што се шведската начистичка група „Северно движење на отпорот“, „Клуб 28 Србија“, украинското здружението „C14“, како и десничарските екстремисти од Италија и Русија…
Во саботата попладне, околу 2.500 луѓе се собраа на плоштадот Капицтран, во замокот во Будимпешта за да излезат на маршот „Збег 60“. Овој марш е организиран од 2009 година од страна на фашистичката група „Акционгрупе Берзсони“.
Учесниците, меѓу кои беа и неколку стотици Германци на маршот беа делумно маскирани и облечени во униформи на Вермахтот, Вафен СС и унгарската армија. На маршот имаше малку полицајци коишто го толерираа носењето на огнено оружје (пушки, пиштоли, калашникови…) од неонацистите.
Неонацистите во малиот град Шомар, кој е одалечен од Будимпешта околу 60 километри, беа поздравени со поздравот на Адолф Хитлер.
Видеото е превземено од JFDA – Jüdisches Forum für Demokratie und gegen Antisemitismus.
Д. М.