• Latest

Поткупот на гласачите е најпонижувачко кршење на гласачкото право

February 20, 2019

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поткупот на гласачите е најпонижувачко кршење на гласачкото право

February 20, 2019 08:00
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изборниот поткуп влијае на тајноста на гласање и заштитата на гласачкото право. Поткупот директно влијае и на крајниот резултат на изборите. Најмногу за поткуп се користат гласачите што се социјално загрозени или се членови на некоја политичка партија или во било која форма зависат од одлуките што ги носат надлежните органи и институции што, пак, се во релација со центрите на моќ

Биљана Јордановска

ЦИВИЛ започна со објавување кратки, едукативни прилози за различните видови изборни нерегуларности, со кои се обидува да придонесе кон јакнење на јавната свест за правото на глас и кон превенција од изборни нерегуларности. Меѓу тие текстови беше и текстот посветен на поткупот на гласачите, еден од најтешките облици на кршење на гласачкото право. Во тој текст, ги потсетивме нашите сограѓанки и сограѓани дека:

„Правото на глас не е привилегија. Тоа е право кое никој не смее да го одземе, ниту да го ограничи или манипулира. Со правото на глас никој нема право да тргува или да ја условува слободната волја на гласачите со услуги, бенефиции, пари, безбедност или со други придобивки, права или забрани…“, пишува во „Моето гласачко право“, едукативна публикација на ЦИВИЛ за јакнење на јавната свест, едукација и мобилизација на граѓан(к)ите за подобрување на изборните процеси што јасно го дефинира изборниот поткуп.

Понатаму, во истата публикација, организацијата им се обраќа и директно на гласачите: „Ти никому ништо не должиш. Поткупот што ти го нудат, ќе биде повеќекратно наплатен од тебе, од твоето семејство и од твоите сограѓанки и сограѓани!“

Поткупот на гласачите е најчесто насочен кон најранливите категории на граѓанки и граѓани. Сиромашните, оние што зависат од социјална помош, што не можат да си ги платат сметките за струја или вода, што немаат ни за леб… Тие се „најевтините“ гласачи, а поткупот за нивните гласови најчесто е 500 денари по човек. Но, често тој износ се заменува со вреќа брашно, кутија со намирници и средства за хигиена, а неретко и со плаќање сметки.

Најинтензивно, поткупот на гласачи се случува на денот на гласање. Тогаш, гласачкото тело се подложува на закани, уцени, нудење работни места, но и на поткуп. Поткупот го спроведуваат и најобични партиски солдати, но и функционери. Тоа е добро организирана и софистицирана криминална операција што чини многу пари.

Ако пропустот е направен за време на изборната кампања кога „пазарењата“ се со одење од врата на врата, свикување во канцелариите кај претпоставените, тогаш просторот пред и околу гласачките места, освен за броење на гласачи, кој влегол, кој излегол, служат и за дополнителен притисок, опомена, потсетување за веќе направениот „пазар“, но и за дополнително купување на гласови.

Во 2014 година во тек на претседателските и предвремените парламентарни избори, ЦИВИЛ дојде до видео снимка на која еден граѓанин експлицитно потврдува дека тој и членовите на неговото семејство добиле по 500 денари за да гласаат за еден од претседателските кандидати на овие избори.

Во 2016 за време на предвремените парламентарни избори, ЦИВИЛ документираше и сведоштво за поткуп на гласачи вработени во администрација. Локален функционер на ВМРО-ДПМНЕ и вработен во администрацијата на една општина делел пари за поткуп на жителите на едно село во таа општина, за да гласаат за владејачката партија. Дел од поткупените гласачи требало да поткупуваат и други гласачи.

Истата година граѓански новинар до ЦИВИЛ испрати видео снимка од денот на изборите, 11 декември, каде соговорникот наведува имиња на локалните функционери што вршеле поткуп, колку чинел еден гласа, имиња на сите што биле вмешани во процесот и нивните функции во јавната администрација.

Мошне илустративен е примерот и за манипулациите поврзани со поткупот на гласачи. ЦИВИЛ во 2017 година (локални избори) објави список што ВМРО-ДПМНЕ го достави до меѓународната заедница со имиња на организации, но и конкретни луѓе за кои партијата тврдеше дека наводно ќе вршеле поткуп на гласачи. Таа листа беше објавена интегрално на ЦИВИЛ Медиа и беше доставена до сите набљудувачи и соработници на ЦИВИЛ за проверка на информациите од документот. Резултатот од тој засилен мониторинг и верификација на наводите на ВМРО-ДПМНЕ беше што ЦИВИЛ утврди дека нема ниедна потврда за обвинувањата, но истовремено до организацијата пристигнаа пријави за поткуп на гласачи што не беа поврзани со ниту еден од наведените во овој контроверзен документ.

Овие неколку примери во низата детектирани низ годините од ЦИВИЛ, како организација со долгогодишно искуство во изборен мониторинг, ја отсликуваат болната изборна реалност  во земјата каде изборниот поткуп е еден од најчестите начини за добивање на изборни резултати.

Изборниот поткуп влијае на тајноста на гласање и заштитата на гласачкото право. Поткупот директно влијае и на крајниот резултат на изборите. Најмногу за поткуп се користат гласачите што се социјално загрозени или се членови на некоја политичка партија или во било која форма зависат од одлуките што ги носат надлежните органи и институции што, пак, се во релација со центрите на моќ.

Но, како во борбата против поткупот на гласачи?

Се разбира, постојат закони кои го регулираат или објаснуваат изборниот поткуп, Изборниот законик, Кривичниот законик, Законот за спречување на корупција и суди на интереси, свои законски задолженија во случај на изборен поткуп има и Министерството за внатрешни работи, но проблемот останува.

На пример, во новиот Закон за спречување корупција, поткупот на гласачи се дефинира во член  37 став 1 и 2, според кој доколку Државната изборна комисија дознае или има основи за сомневање за поткуп при избори и гласање, односно за давањето или ветувањето подарок, или друга корист за себе или за друг, на избирач при избори или гласање на референдум, за да гласа или да не гласа, или да гласа за определен кандидат или определена одлука, за тоа без одлагање писмено треба да го извести надлежниот јавен обвинител. То, пак, во рок од 30 дена по приемот на известувањето треба да ја извести ДИК за мерките и активностите што ќе ги преземе обвинителството.

Според овој закон казнива е и понудата за поткуп. Според член 64  секој облик на нарушување на неутралноста на власта во однос на изведувањето на изборите содржи активна опасност од заплашување или поткупување на граѓаните од позицијата која моментално ја има одделна политичка партија. Во услови кога најголем дел од администрацијата зависи од политичката волја на партијата којашто е на власт и во ситуација кога е можно селективно применување на законите во однос на бизнис заедницата, отсуството на партиска неутралност и активното вклучување на Премиерот и министрите во изборните процеси, претставува директно кршење на одредбите на овој кодекс.

Но, ако се навратиме на почетокот на текстот, одговорноста ја имаат и самите граѓани. Зошто? Затоа што уставно загарантираното право на глас, го користат за партиски бенефити, лични профити, многу често и поради притисок, уцени  и закани. Полесно им е да прибегнат кон прифаќање или нудење на поткуп за заштита на својот на своето семејство, најчесто егзистенцијален, интегритет, отколку да го задржат своето достоинство и гласање по сопствено убедување.

Ние никому ништо не должиме. Но, како гласачи и треба да се избориме со штетните влијанија од ваквиот начин на „тргување“ со нашето уставно загарантирано право на глас.

 


Со цел да придонесе кон јакнење на јавната свест за правото на глас, како и за нерегуларностите во изборните процеси, ЦИВИЛ започна со серија едукативни текстови за различни аспекти на изборните процеси. 

Граѓанките и граѓаните што имаат информации за кршење на правото на глас, злоупотреби, притисоци и други нерегуларности во текот на изборниот процес, можат да пријават на онлајн формуларот Слободни избори или да контактираат со ЦИВИЛ на monitoring.civil@gmail.com, во инбокс на ФБ страницата на ЦИВИЛ или да се јават на 02/5209176.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Print Friendly, PDF & Email
Share57Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ