• Latest

Етнички и партиски мускули, национализам и корупција

February 17, 2019
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Етнички и партиски мускули, национализам и корупција

February 17, 2019 11:30
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува ЏАБИР ДЕРАЛА

Пред нас се денови и недели на нови разочарувања и гнев поради неправдите и неказнивоста. Само уште повеќе изострени поради новата беспоштедна изборна битка што често ќе биде сѐ, само не претседателски избори. Ќе видиме одмерување на силата на етничките мускули, а секако и на партиските.

Во исчекување на финализирање на листата од ликови што претендираат на претседателската фотелја, (да се надеваме дека не) уште една политичка кукла во системот со огромен дигестивен тракт (од голтникот до отворот за исфрлање на непотребните материи за организмот), добро е да потсетиме на две огромни црни дупки во нашиот живот. Тие две нешта ќе се истурат врз нас како отровен пороен дожд што ќе ги штипе очите, ќе ги гори градите и ќе нѐ тера на силен внатрешен вресок.

Национализам и корупција… Национализмот е во вртоглав подем, во сите негови форми, прикриен и отворен. Најчесто е глупав и евтин. Но, тоа што мене ме загрижува уште повеќе е дека тој е стожер на стратегиите на сериозни играчи на теренот со софистицирани и скапи алатки во нивните грабливи раце. Национализмот се користи најподмолно, најнечовечки. И нема ништо во неговата суштина. Тој е алатка за стекнување пари и моќ. Со национализам се доаѓа до што е можно подобра позиција во преговорите со оној што ја води власта на локално или на централно ниво.

Веќе се навикнавме да гледаме како тие што се на другата страна од масата на политичкиот покер, играчи што вешто лажат и кријат асови во ракавот, место да бидат исфрлени од играта, стануваат партнери и го делат купчето пари на крајот од партијата, без вистински победник. Потоа, сите заедно, чекаат некоја нова жртва, некој наивен турист со длабок џеб.

Не се вистински патриоти тие што пропагираат национализам, омраза, гасни комори,  сатари… Тоа го разбравме низ долгите, мачни години живеење во оваа наша македонска земја. Ги знаеме добро начините, ги знаеме и валканите играчи што во своите бовчи имаат дресови од сите бои. И секогаш ги облекуваат „вистинските“, оние што ќе им донесат најмногу корист ним, а најмногу штета на сите останати. Ги имаме сите аргументи да тврдиме дека тоа се само нечесни, валкани ликови што секогаш сакаат само повеќе моќ и повеќе пари.

А корупцијата? Длабоко, длабоко, во коренот на системот, на секоја структура, на секојдневието, во животот на секој од нас. Видлива и невидлива, разбирлива и неразбирлива, доброволно прифатена или наметната… таа е дел од нашата култура.

Колку пати треба со горчина да се помириме дека секогаш одново ни се враќа во животот. И да се помириме со сѐ поочигледниот факт дека власта не успева да смогне сили, нема доволно решителност да надмине еден систем, беше претходно воспоставен уште во деведесеттите, а продолжува до мигот кога ги пишувам овие редови.

Нема решителност да се збрише од лицето на земјата еден коруптивен систем што доби монструозни размери со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Не само што нема решителност, туку тој систем се презема, а се прават само козметички измени, меѓу две чашки виски, да се прослави уште еден тендер или бран вработувања. Тоа е суровата реалност која нам ни дава простор да се сомневаме дека сите црни точки што ги гледаме на рендген снимката на општеството се, всушност, или намерно толерирани, па дури и намерно создадени или надградени во палатите на моќта и политичките шаторите на партиските генерали.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
Илустрација во прилог на текстот: Page of Corruption Nationalism Poison (The Nation)

Share40TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ