Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Република Грција, Никос Папас, на денешната прес конференција потпишаа Меморандум за разбирање за намалување на цените во роаминг.
Како што истакна министерот Манчевски, Договорот од Преспа не значи само решавање на политички проблем. Со потпишувањето на договорот, се отвораат многу перспективи за граѓаните и бизнисите од двете земји. Ова е првата билателарна иницијатива, а ќе следат и други.
Папас рече дека со денешниот Меморандум потврдува дека Грција е спремна да ги преземе сите легални мерки, граѓаните, особено во летниот период, да плаќаат помалку за телекомуникациските сметки.
„Би сакал исто така да кажам дека е очигледно дека регулаторните органи од двете страни се спремни да ги стават во сила, да ги употребат законите, како што се изработени или доколку е потребно да се прилагодат за да се оствари овој Договор. Оваа посета беше многу корисна и имавме можност да разговараме и за многу други теми”, потенцираше министерот Папас.
Б. Ј.