По вчерашното апсење на Трајко Вељановски, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, ВМРО-ДПМНЕ и возврати на власта со закана дека нема да ги гласа реформските закони.
Координаторот на пратеничката група на оваа партија, Никола Мицевски, придружен од сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, од прес центарот на Собранието извести дека не донеле одлука да учествуваат понатаму во процесот Жан Моне, од каде потекнуваат сите реформски закони коишто се бараат од Европската Унија.
Мицевски обвини дека заедно со Вељановски вкупно стануваат 8 барања за одземање имунитет на пратеници од опозицијата, а веќе една четвртина од нивната пратеничка група е под некоја истрага. Според него сите овие процеси се политички и неосновани, затоа побараа избор на нов Јавен обвинител по предлог на опозицијата.
“Ние бараме Јавен обвинител по предлог на опозицијата за и ние да почнеме да веруваме во правниот систем“, изјави Мицевски.
За последните апсења, тој обвини дека се поврзани директно со претседателските избори.
Арбен Зеќири