Дискусијата за одземање на имунитетот на поранешниот председател на Собранието, Трајко Велјаноски, денеска продолжи во собраниската комисија за мандатни и имунитетни прашања.
Во одбрана на нивниот сопартиец, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија за политичка хајка и го повикаа мнозинството да им се земе имунитетот на сите опозициски пратеници. Тие тврдеа дека аргументите со кои се бара одземање имунитет и притвор за Велјаноски се неодржливи.
„Ние имаме листа на други пратеници на кои треба да им се одземе имунитетот, па ајде денеска да го направиме тоа, да не губиме време. Трајко Велјаноски можеше да избега или да влијае врз сведоци и досега, тој и денеска може да избега и да влијае на сведоци. Затоа цениме дека овие аргументи не се одржливи за да му се одземе имунитетот” – рече пратеничката Весна Пенова.
текст и фотографија: А. Зеќири