„Гордана Силјановска Давкова е идниот претседател на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа и тоа го направи на конвенцијата. Таа имаше јасни и прецизини ставови за круцијални прашања. Очекувам поддршка од сите граѓани кои сакаат да застанат рамо до рамо со нас“ – рече Христијан Мицкоски во интервјуто што со него го направи Сашо Орданоски во емисијата „Печат на неделата“ на 1ТВ вечерва.
Во однос на консензуалниот кандидат на СДСМ и ДУИ, Мицкоски смета дека е стратегија за да се намали нивниот пораз на престојните претседателски избори.
„Јас сум убеден дека тој е најмалку консензуален, туку заеднички кандидат поддржан од овие две партии за да го намали поразот на претседателските избори и кратко да ја продолжи политичката кариера на овие политичари. Јас сум сигурен дека, ако излезат со посебен кандидат, ќе изгубат од Силјановска. Јас имам четиригодишен мандат кој се добива или одзема на конгрес доколку членството одлучи да не ми јада довербата. Има процедура која треба да биде запазена за да се поднесе одговорност. Апсолутно, јас не размислувам за резултат кој ќе биде послаб, напротив победник е нашиот кандидат“ – рече Мицкоски и додаде дека по поразот очекува СДСМ да распишат предвремени парламентарни избори.