Посредникот за ОН во спорот за името, Метју Нимиц на брифинг со новинари во седиштетот на Светската организација, изјави дека загрижува иредентизмот и демонизацијата на соседот. Нимиц истакна дека ќе биде потребно време да се подбрат односите меѓу двете земји, особено во делот на комерционалната употреба на името Македонија.
Нимиц го нагласи и значењето на лидерството на политичарите во надминување на спорот со името.
„Лидерите во двете земји имаа различни ставови за спорот. Имаше периоди кога некои лидери го ставаа ова прашање на дното од листата на приоритети, некои не беа подготвени да преземат голем ризик“, нагласувајќи дека среќна околност е што лидерите на двете земји искрено одлучија да го решат проблемот.
Се присетува и на времето на неговите преговори со двајцата министри за надворешни работи Димитров и Коѕијас, главно водени во Виена, кои резултираа со договорот што покрива цела низа прашања и области.
За неговото долгогодишно медијаторство Нимиц изјави дека секоја година ги прашувал Атина и Скопје дали да остане или да си оди, но тие имале доверба во него.