Од Апелациониот суд денеска потврдија дека Сашо Мијалков добил нови 30 дена куќен притвор за случајот „Империја“. До продолжувањето на мерката дојде по барање од СЈО.
Во истрагата за случајот „Империја“ опфатени се и Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.