Во Хрватското собрание со 116 гласови „за“ и 2 „против“ денеска се усвои Протоколот за членство на Северна Република Македонија во НАТО. Со тоа Хрватска е меѓу првите држави, заедно со Грција и Албанија, којашто го ратификуваше Протоколот за влез на Македонија во северноатлантската воено-политичка Алијанса.
На потпишувањето беа присутни и Потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.