ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска со почеток во 12 часот во Менада организира предосмомартовска панел дискусија „Борба, не кафана“, посветена на правата на жените, но и суштината на празнувањето на 8 март.
На панелот ќе зборуваат Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет за родова рамноправност, активистките Даниела Мирчевска и Мерита Максути, Дијана Тахири и Маја Ивановска од ЦИВИЛ, како и рамноправниот меѓу жените, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
Покрај овие говорнички и говорник на панелот ќе се обрати уште една личност, Хана, трансродова сексуална работничка која ќе говори во името на сексуалните работнички во земјата и остваруварувањето на нивните права.
Темата е посветена на потребата од борба, а не пригодно одбележување на Денот на правата на жените, во општество каде и покрај развојот и свеста на луѓето, жените, за жал, се уште се соочуваат со сериозни и реални проблеми коишто се многу поголеми од тоа во која кафана ќе се прослави Денот на жената или колку пари ќе се дадат за подарок за наставничката.
Како да се избориме за правата на жената кога не ја разбираме суштината на 8 март е прашањето на коешто ќе се обидат да ни дадат одговор нашите соговорнички и соговорници.