Холокаустот бил вистински! 7144 наши комшии, Евреи се собрани на денешен ден пред 76 години во скопскиот монопол и од таму товарени на вагони за Треблинка, каде се убиени. Фотографијата е од моментот на „товарење“ на 28 март 1943 година.
Како човек, повеќе можам да прифатам да бидам товарен во вагонот, отколку да го „товарам“ со луѓе означени за убивање.
Секоја релативизација на Холокаустот, од било која причина е само повторно „товарење“ на вагоните со мои комшии, а тоа не смее да се дозволи.
Никогаш да не се повтори!
Фејсбук статус на Васко Лазаревски