Министерството за внатрежни работи соопшти дека по објавите на Фејсбук дека извесна Фросина Тина Мартиновска е врабтоена во нивната институција извршиле проверка и констатирале дека информациите што се ширеа по социјалните мрежи не е точна.„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук, а таков е случајот и со објавата од извесна Фросина Тина Мартиновска која деновиве е споделена на оваа социјална мрежа и по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Ја информираме јавноста и дека од извршените проверки во персоналната евиденција на МВР констатирано е дека лице Фросина Мартиновска не работи во Министерството за внатрешни работи, како што беше пренесено во дел од медиумите“, велат од МВР.
Министерството ги повикува граѓаните ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected].