• Latest
Фотографија од архивата на ЦИВИЛ (2018).

ЦИВИЛ продолжува со мониторинг на говорот на омразата и лажните вести и ги повикува институциите да профункционираат

March 22, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ продолжува со мониторинг на говорот на омразата и лажните вести и ги повикува институциите да профункционираат

March 22, 2019 07:59
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Фотографија од архивата на ЦИВИЛ (2018).

Фотографија од архивата на ЦИВИЛ (2018).

Share on FacebookShare on Twitter

Говорот на омразата и лажните вести се дел од долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ. Секојдневно, на адреса на организацијата пристигнуваат голем број пораки во кои граѓанките и граѓаните известуваат за низа различни проблеми, кршење на човековите права, дискриминација, лажни вести и говор на омраза. Во екот на политичките кампањи за претседателските избори, говорот на омразата и лажните вести се сѐ поприсутни во јавниот дискурс.

Долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ ги опфаќа овие појави во пресрет на сите изборни процеси. Дел од мониторинг тимот се занимава со говорот на омразата и лажните вести подолго време и прибира информации за дејствувањето на овие деструктивни групи, ги архивира податоците присутни во медиумите и на социјалните мрежи и повремено објавува извештаи, анализи и препораки од своите наоди. Со оглед на ограничените ресурси со кои располага организацијата, во оваа активност, најдрагоцена е помошта од граѓанките и граѓаните.

Благодарение на високата доверба што ЦИВИЛ ја ужива во јавноста и кај граѓан(к)ите, секојдневно, на адреса на организацијата пристигнуваат голем број информации за говор на омраза и лажни вести.

ЦИВИЛ го обновува повикот до сите свесни и совесни граѓанки и граѓани да пријавуваат случаи на говор на омраза и лажни вести. Јавното експонирање и осудата на носителите и „производителите“ на говорот на омразата и лажните вести и нивното јавно обелоденување е ефективен начин на разобличување на оваа грда општествена појава. Особено во отсуство на соодветна реакција од релевантните институции, важно е јавноста да се организира и да се одбрани од оваа деструктивна појава.

ЦИВИЛ констатира дека дел од правосудството ги продолжува старите практики од времето на заробената држава. Го повикуваме Јавното обвинителство да постапи според своите законски овластувања и обврски и да постапува по пријавите од Министерството, како и по допрен глас. ЦИВИЛ ги повикува и судиите, да ги напуштат старите практики и да судат според законот и според тежината на штетите кои ги предизвикуваат говорот на омразата и лажните вести.

Говорот на омразата и лажните вести во ЦИВИЛ може да се пријават и анонимно. Важно е да се направи скриншот од постовите и коментарите што содржат говор на омраза и лажни вести, како и линковите од тие содржини, односно од нивните автор(к)и. Пријавувањето на говорот на омразата и лажните вести, како и за сите останати нерегуларности, е возможно и преку онлајн апликацијата на веб страницата Слободни избори, доколку се работи за изборен контекст. Во поширок контекст, пријавувањето може да се направи со испраќање на Фејсбук порака на ЦИВИЛ или преку е-пошта: civil.macedonia@gmail.com.

Коментари и постови со говор на омраза на социјалните мрежи и во медиумите може да се пријават и во МВР. На веб страницата на МВР постои Црвено копче на кое може да се пријави злоупотреба на деца, трговија со луѓе и криминал од омраза и повикување на насилство.

На располагање на совесните граѓанки и граѓани е и мејл адресата cybercrime@moi.gov.mk на која може да се пријавува говорот на омразата. Во пријавата, треба да се наведе име на корисникот и линк до интернет содржината.

ЦИВИЛ Тим за комуникација

Share20TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ