Премиерот Зоран Заев тврди дека претседателот во заминување, Ѓорѓи Иванов, нема ниту законска можност, ниту доволно време за да дава некаква амнестија или аболиција. Заев се повикува на последните законски измени за помилувањето, во забраните за носење на такви одлуки во предизборен период, како и на роковите според кои на Иванов ќе му истече мандатот пред да престане заонската забрана за амнестии и аболиции.
“Јасно како бел ден, членот 11 од Законот за помилување не постои, тој е укинат член, не може да се делува по него. И вториот дел, постапките кои што се водат преку правда и тие може да стигнат до претседателот на Република Северна Македонија, впрочем и не може да се водат во текот на изборите, тие се забранети постапки, влијаат на изборниот процес, затоа што преку нив се влијае на бројот на гласови и на самите гласачи. Може да се водат, откако ќе завршат претседателските избори, вториот круг е на 5 мај, официјалното завршување го прогласува ДИК согласно роковите за жалби и завршните извештаи, а мандатот на претседателот Иванов е до 12 мај. Така што, не очекувам никава аболиција од претседателот Иванов, а како што слушам, идниот претседател јавно вети дека нема да дава вакви аболиции, затоа што не постои законска можност”, изјави премиерот Зав.
Арбен Зеќири