• Latest

23 април – пост-изборни извештаи, дилеми, ветувања, пресуди…

April 23, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

23 април – пост-изборни извештаи, дилеми, ветувања, пресуди…

April 23, 2019 17:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поништено избирачко место во Ѓорче Петров, разрешени два избирачки одбора 

Гласањето во избирачкото место 2664 е поништено затоа што во кутијата имало три изборни ливчиња повеќе, а од кочанот недостасувале дополнителни две, соопшти Државната изборна комисија.

Од 405 евидентирани гласачи, на ова избирачко место имало 408 гласачки ливчиња. Прегласување на избирачкото место нема да има, бидејќи бројот на гласови не може да влијае на исходот од првиот круг. Избирачкиот одбор на ова избирачко место е разрешен и за нив ќе биде покрената дисциплинска постапка.

ДУИ ќе тропа од врата на врата за Пендаровски 

По спроведената целосна анализа, оценката на партијата на Али Ахмети е дека се целосно задоволни од нивниот придонес за консензуалниот кандидат Стево Пендаровски во првиот изборен круг од претседателските избори. ДУИ во вториот дел од кампањата максимално ќе се растрча на терен, односно од врата на врата ќе ги мотивира партиската структура и граѓаните да го поддржат Пендаровски за претседател на државата.

– По направената целосна анализа апсолутно сме задоволни од нашиот придонес кој беше пресуден за победата на консензуалниот кандидат за претседател Стево Пендаровски. Вториот елемент е Дебар, каде уште во првиот изборен круг извојувавме победа. И третиот елемент е целосното фијаско и потфрлување на турбо-фолклорната опозиција со историски најслаб резултат на еден албански кандидат на претседателски избори и тоа без противкандидат Албанец, изјави за Плусинфо, Артан Груби, организациски секретар на ДУИ.

Градски парк 2 ќе никне на дивата депонија во Карпош 

Екипи на Градот Скопје и на Општина Карпош денеска почнаа голема акција за расчистување на децениските депонии зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кејот на реката Вардар. Во активностите е вклучена механизацијата и работниците на ЈП „Водовод и канализација“, а расчистувањето на просторот се очекува да трае околу 10 денови. На акцијата за чистење присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

„Оваа дива депонија претставува повеќедецениски горлив проблем. Почнала да се формира со одлагање на урнатините по катастрофалниот земјотрес во Скопје уште во 1963 година. Повеќе генерации градски и општински градоначалници го игнорирале проблемот, а за жал некои од нив продолжиле да го одлагаат отпадот на оваа локација. Сега, заедно со Општина Карпош конечно најдовме решение за овој проблем и со тоа почнуваме со реализацијата на уште едно од нашите предизборни ветувања. Денеска го почнуваме чистењето на оваа депонија, после што ќе следува покривање на површината. На ова место ќе подигнеме парк на површина од над 90.000 квадратни метри (над девет хектари) кој ќе го наречеме Градски парк 2“, рече денеска градоначалникот Шилегов.

Убијците на Саздо добија по 19 години затвор 

Бесир Беља и Скендер Демири добија затворски казни од по 19 години, двајца од тројцата обвинети, за убиството на Никола Саздовски Саздо.

Третиот напаѓач Јетон Ључа е во бегство. Покрај затворските казни од по 19 години, тие треба да платат и оштета на семејството на жртвата. Тие треба да исплатат оштета од по 1.200.000 денари, за таткото, мајката, братот, сестрата, а за бабата на Саздовски 600 илјади денари.

Беља и Демири се во притвор во затворот во Шутка, а за третоосомничениот е распишана домашна и меѓународна потерница.

ЦИВИЛ 

Од белешките на набљудувачите: Каде е печатот?

На едно избирачко место во Скопје, при броењето на гласовите е констатирано дека 13 од гласачките ливчиња се без печат, поради пропуст на избирачкиот одбор.

Вака почнува приказната на една набљудувачка на ЦИВИЛ.

„Потоа следуваа јавувања во Општинската изборна комисија, од која избирачкиот одбор побара мислење. Оттаму одговорија дека треба да се направи записник и ливчињата да се прогласат за неважечки“, вели набљудувачката на ЦИВИЛ.

Изборна хроника 

Продолжува претседателската кампања – некој се радува, некој ќе прави „чистка“ 

„По завршувањето на првиот круг од гласањето за претседателските избори, сите кандидати и партии, прогласија победи и изјавија дека се задоволни од резултатите, но и дека се надеваат на уште поуспешен втор круг од гласањето на 5 мај.

Во вториот круг остануваат кандидатите на СДСМ и коалиционите партнери, Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, чии гласови во бројките не се разликуваат многу. Двајцата кандидати, односно и партиите кои стојат позади нив, сега ќе се обидуваат да ги добијат, како што тие изјавија, гласовите од третиот кандидат Блерим Река, незадоволните, Шарената револуција…

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во синоќешната дебата на Телевизија 24, им порача на двете партии да не се надеваат многу на гласовите на Река“, се вели во изборната хроника.

А. Петровска

Share44Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ