Првата детска амбасада во светот Меѓаши по најавите од Министерството за здравство дека невакцираните деца не смеат да се запишуваат во школо и градинка, велат дека ниедно дете не смее да биде исклучено од образовниот процес, без оглед на здравствената состојба или вакциналниот статус.
„Свесни сме дека во состојба на епидемија јавното здравје има приоритет и државата мора да преземе соодветни мерки со цел да го заштити населението и истото го поддржуваме, но државата мора да најде соодветни форми и механизми со кои ќе обезбеди грижа, згрижување, образование на сите деца. Препорачуваме и сметаме дека родителите треба и мора да бидат целосно информирани за значењето на имунизацијата, но и за сите позитивни и негативни ефекти од истата како и информации за квалитетот и безбедноста на вакцините. Во насока на погоре кажаното, државата треба да преземе одговорност ако има негативни реакции врз здравјето на децата како резултат на вакцинација, воедно да гарантира квалитет што нема да биде проследен со најразлични афери (на пр. вакцини со изминат рок или сомнителен квалитет). Дополнителна конфузија кај родителите/старателите околу важноста или опасноста од имунизацијата создава и неусогласениот став меѓу педијатрите, лекарите и здравствените работници“, се вели во соопштението на Меѓаши.
Според нив, наместо рутинска контрола пред вакцинацијата на децата, треба да биде пракса целосен, соодветен и темелен преглед на детето и да ги опфати сите деца без оглед на социјалниот, економскиот и образовениот статус на родителите/старателите.
„Во основа сите одлуки кои се носат од страна на родителите и надлежните институции се со една заедничка цел тоа е заштита на децата и нивното здравје и живот. Но, потребно е да се искреира конструктивно решение кое ќе ги надмине сите недоразбирања и ќе се води од принципот на најдобриот интерес на детето.
Нашиот став се заснова на принципите на Конвенцијата на правата на детето.
Македонија ја има ратификувана Конвенцијата за правата на детето и има обврска истата да ја применува во сите одлуки кои се носат и се донесуваат на децата во нашата земја. Во членовите од 2, 24, и 28 од Конвенцијата за правата на детето каде се наведува:
Член 2:
1. Државите членки на овааа Конвенција ги почитуваат и ги обезбедуваат првавата содржани во Конвенцијата за секое дете под нивна јурисдикција без било каква дискриминација и без оглед на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповедта, политичкото или друго убедување, националното,етничкото и социјалното потекло, имотната состојба,онеспособеноста, потеклото или друг статус на детето или неговиот родител или законски старател.
2. Државите членки ги превземаат сите потребни мерки за да се обезбедии заштита на детето од сите облици на дикриминација или казни засновани врз статусот, активностите, изразеното мислење или убедување на родителите, законските старатели или членовите на семејството на детето.
Член 24:
1. Државите членки му го признаваат на детето правото на највисоко ниво на здравствена и медицинска заштита и рехабилитација: Државите членки ќе настојуваат ниедно дете да не биде лишено од правото на таква здравствена заштита.
Член 28:
1. Државите членки му го признаваа правото на детето на образование и поради постепено остварување на ова право врз основа на еднакви можности посебно:
а) Го прогласуваат основното образование задолжително и бесплатно за сите
Според јавно достапните информации, имунизација на децата генерално се заснова на следниве две гледишта:
• Вакцините претставуваа придобивка на современата медицина и истите спасиле многу детски животи,
• Второто гледиште се донесува на негативните последици по здравјето и животот на децата и како резултат на истиот родителите одлучуваат да не ги вакцинираат своите деца“, велат од Меѓаши.
А. П.












