• Latest

Интеркултурниот дијалог е гаранција за мирен, праведен и одржлив свет на културна разноличност

May 22, 2019
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Интеркултурниот дијалог е гаранција за мирен, праведен и одржлив свет на културна разноличност

May 22, 2019 15:56
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев присуствуваше на настан организиран од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, по повод одбележување на Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој, којшто е прогласен на 21 мај од Обединетите нации и УНЕСКО.

Настанот го отвори директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, кој им посака добредојде на присутните, и нагласи дека оваа манифестација ги заокружува активностите реализирани во рамки на „Неделата на заедничка молитва“, реализирана од 13 – 21 мај со цел да се поттикне соработката и дијалогот меѓу верските заедници, за стабилен и одржлив процес на градење доверба, пријателство и општество на вистински човекови вредности, на соживот и напредок.

Пред присутните гости меѓу кои претставници на државните институции и граѓанскиот сектор, како и сите претставници на верските заедници во РСМ, премиерот Зоран Заев се обрати со порака дека културната разноличност е од корист за целото човештво.

„Денеска го славиме и величиме Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој. Овој убав настан, инспириран од уште поблагороден повод – Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој – не потсетува дека не треба да зборуваме за културни разлики што не делат едни со други, туку дека треба да зборуваме за културна разноличност која ни дарува сила од глобални размери, која може да биде од корист на целото човештво.

Денешниот ден, исто така, е ден за пораката дека интеркултурниот дијалог е -најдобрата гаранција за мирен, праведен и одржлив свет на културна разноличност. Свет во кој уникатноста на другиот е богатство на разноличноста на светот.

Културната разноличност е инспирација и мотивација за креативноста како инвестиција за промени за подобри општествата. Општества со хуман, човечки лик.

Инвестицијата и должноста на нашето општество е да ги развиваме образованието и меѓукултурните вештини кај младите луѓе за да ја одржиме разноличноста на нашата земја и да научиме да живееме заедно со разноличноста на нашите јазици, култури и религии, за да ја градиме нашата инвестиција создадена токму од разноличноста на културите и традициите на народите на нашата земја – инвестицијата Едно општество за сите.

Во светлината на силната симболика на овој ден, токму денеска во Владата ја организиравме првата јавна расправа за драфтот на нашата „Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“, токму овде во овие простории во Клубот на пратеници.

Стратегијата е исцртување на една од главните карактеристики и вредности на Република Северна Македонија. Земја која во светот веќе се препознава по нашата определба да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики како посебност и суштина на нашето заедништво. Заедништво што се градеше со векови и кое претставува обврска за нашата заедничка иднина.

Треба безрезервно да прифатиме дека културната разноличност е динамична сила за постигнување на одржлив развој. Светскиот ден за културна разновидност за дијалог и развој ни дава можност да го продлабочиме нашето разбирање на вредностите на културната разноличност и да научиме да живееме заедно како едно семејство што дели заеднички вредности.

Треба безрезервно да прифатиме дека секој од нас има шанса да направи нешто за разноличноста и инклузивноста да станат алатки за дијалог и разбирање, за мирот и безбедноста, како неопходни за одржливиот развој на нашата заедница.

Прашање на нашата иднина е да ја интегрираме културата на сите наши заедници во сите наши развојни принципи. Особено оние поврзани со младинските прашања, како што се образованието, јавното здравје и животната средина, како наш придонес за развојот на хармонично општество со сите разлики.

Прашање на наша обврска е да учествуваме во глобалните иницијативи за важноста на меѓукултурниот дијалог, различноста и инклузијата, за да бидеме дел од оние што веруваат дека таму каде што се спојуваат различните култури настанува магијата на заедништвото“, истакна Заев.

Д. М.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ