• Latest

На три од десетте најфреквентни патни правци во Македонија нема автопат (инфографик)

May 31, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На три од десетте најфреквентни патни правци во Македонија нема автопат (инфографик)

May 31, 2019 08:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај тоа што се вложуваат стотици милиони евра во изградба на патната инфраструктура, македонските граѓани ја немаат можноста да патуваат по автопат или експресен пат на најфреквентните правци. Државата моментално гради два автопати (Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип) и четири експресни патишта (Ранковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп, Штип – Кочани и Штип – Радовиш), но ниту едниот, ниту другиот, не се на најфреквентните делници во земјава.

Според податоците за просечниот годишен дневен сообраќај (ПГДС) на ЈП „Македонија – пат“ за 2017 година, најмногу возила биле регистрирани на автопатот од наплатната рампа Петровец до клучката Хиподром – во просек по 16.099 возила дневно. На 5 – то и 6 – то место на листата на најфреквентни правци се наоѓаат патиштата Подмоље – Струга со 10.766 возила и Подмоље – Охрид со 10.346 возила дневно, но овие секции не се издигнати на профил на автопат. На 9 – то место се наоѓа патот Охрид – Пештани, кој во 2017 година имал просечна фреквенција од 8.914 возила дневно.

За надминување на преоптовареноста на овие три делници веќе неколку години наназад се ветуваат два проекти – изградбата на автопатот Требеништа – Струга и експресниот пат Охрид – Пештани. Министерството за транспорт и врски во јануари 2018 година одлучи да ја запре реализацијата на двата проекти, по сериозните критики искажани во извештајот на УНЕСКО. Во меѓувреме, на Охрид и на Охридското езеро повторно им се закануваопасноста да се најдат на листата на загрозено светско наследство, но засега не е пронајдена алтернатива за решавање на сообраќајното оптеретување на овие два патни правци.

Од друга страна, државата во моментов инвестира во патишта кои имаат многу помала фреквенција на возила. На патниот правец Велес – Штип, којшто е единствена алтернативна врска на автопатот Миладиновци – Штип, во 2017 година бил регистриран ПГДС од 6.000 возила. На патот Штип – Радовиш, каде во моментов се гради нов експресен пат, во 2017 година имало само 4.422 возила дневно. Идентична е и состојбата со патот меѓу Градско и Прилеп, каде што се гради експресен пат иако мерењата од пред 2 години покажуваат просечна фреквенција од околу 4.600 возила дневно. Воедно, на патот Страцин – Крива Паланка бројачите на ЈП „Македонија – пат“ регистрирале 3.831 возило дневно, но ова не било пречка да се пристапи кон изградба на експресен пат на овој дел од паневропскиот Коридор 8.

Податоците за просечниот годишен дневен сообраќај во развиените земји претставуваат значаен фактор што ја прикажува оправданоста и исплатливоста за реализација на конкретен проект од патната инфраструктура. Врз основа на овие бројки, властите одлучуваат дали треба да се пристапи кон реконструкција на постојниот пат или истиот би се проширил и надградил во експресен пат или автопат./мета.мк

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ