И ГРУЕВСКИ СЕ ФАЛЕШЕ СО НИЗОК ПРОЦЕНТ НА ЈАВНИОТ ДОЛГ
Во новата фискална стратегија на владата се вели дека државата „ќе се обиде да го контролира јавниот долг“. Државата, не само што ќе се обиде, туку јавниот долг ќе мора да го контролира, инаку тоа ќе го направат самите тие што кредитите ѝ ги дале.
Тоа што јавниот долг е значително под или над утврдениот лимит од 60 отсто, сѐ уште не значи дека во наредниот период не може да се загрози одржливоста на фискалната политика.
И Груевски се фалеше со нискиот процент на долгот и познато е за кои намени безмилосно ги трошеше парите од буџетот.
НА ВЛАСТ ЌЕ ОСТАНАТ ЛИДЕРИ ШТО ЌЕ ВОДАТ БОЖЕМНИ БИТКИ ЗА ИДЕНИТЕТОТ НА ОНИЕ ШТО ЗАМИНУВААТ ОД ЗЕМЈАТА
Стотини Албанци кои секој ден се иселуваат во западноевропските држави, не треба да бидат многу загрижени, зашто овде во С. Македонија и натаму ќе бидат на власт „лидери“, кои, исто како и досега, ветуваат дека ќе продолжат да ја бијат битката за зачувување на нивниот национален идентитет, без да кажат, за да не ги налутат коалиционите партнери, од кого идентитетот им е загрозен.
ШТО ПРАВАТ МИНИСТРИТЕ НА ДУИ КОГА СЕ ЛУТИ?
Ако сме добро информирани, министрите на ДУИ, кога се лути со лидерот на партијата, имаат право на платено отсуство од работа. Ова право изгледа, и да го имаат, не го почитуваат во случај да се налутат со премиерот.
ЗА КОГО РАБОТАТ НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ АДМИНИСТРАТИВЦИ ШТО НЕМААТ ДУРИ НИ ФИКТИВНО РАБОТНО МЕСТО?
Замислете, вчера во Романија со три и пол години затвор е казнет лидер на владејачка партија, затоа што влијаел во една државна агенција две лица да се вработат на фиктивни работни места и да работат за партијата.
Под чие влијание и за кого работат во Македонија, скоро десет години неколку илјади лица на кои платата им се дозначува дома и немаат дури ни фиктивно работно место?
РЕФОРМА = ЧИСТКА
Кога се зборува за потребата од реформи во правосудството, зборот “реформа” треба да се сфати како еуфемизам за зборот “чистка”.
ТЕТОВО ИМА АДМИНИСТРАТИВЦИ КОЛКУ КУМАНОВО, БИТОЛА, ВЕЛЕС И ГОСТИВАР ЗАЕДНО
Во општинската администрација во Тетово од буџетот што се полни со даноците на граѓаните, земаат плата над 500 вработени. Тоа е рамно на сите вработени во Куманово(200), Битола(120), Велес(80) и Гостивар(112).
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.