Државната комисија за спречување на комисија го затвори предметот и не поведе понатамошна постапка во случајот каде градоначалникот на Неготино, Тони Делков, се обвинува дека ја вработил сопругата на совјот прв братучед.
Како што констатираше ДКСК, таа била вработена на местото техничка секретарка, а на оглас на кој се пријавиле вкупно три лица, од кои двајцата од пријавените лица отпаднале во изборот поради неуредна документација, по што била вработена роднината на градоначалникот.
Сепак, ДКСК донесе одлука да се покрене прекршочна постапка против градоначалникот на Неготино во случај каде се обвинува за потпишување вработувања на нови лица за време на изборна кампања. Според ДКСК, тој започнатите постапки за вработување требал да ги стави во мирување и во никој случај да не започнува за вработување на нови лица за време на изборна кампања. Вработувањата оделе преку Агенција за привремени вработувања.