• Latest

Пендаровски: НАТО е еден од најголемите кохезиони фактори во нашето мултиетничко општество

June 3, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: НАТО е еден од најголемите кохезиони фактори во нашето мултиетничко општество

June 3, 2019 15:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на  Република Македонија, Стево Пендаровски денеска се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со Северноатлантскиот Совет.

Во своето обраќање, Пендаровски го изрази своето задоволство од фактот што Северноатлантскиот Совет доаѓа во историска посета и многу значаен период за Северна Македонија. Исто така, тој изрази надеж дека се цени суштинскиот демократски напредок и спроведените реформи насочени кон возобновување на институционалниот и правен поредок во државата, потенцирајќи ги успешните договори со Грција и Бугарија, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Минатата недела ги посетив Министерството за одбрана и Генералштабот, каде имав можност да се запознаам од прва рака со реформските зафати и плановите за опремување и модернизација на Вооружените сили, во функција на идното полноправно членство во Алијансата. Изразив задоволство од фактот дека приоритет во овие реформски процеси ќе биде даден на декларираните НАТО единици. Истовремено, ја поздравив заложбата на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана за достигнување на целта, како идна НАТО земја-членка Северна Македонија да издвојува 2% од БДП за трошоци во одбраната. Оваа цел ќе ја достигнеме до 2024 година.

Покрај ова, како претседател на Северна Македонија, имајќи ги предвид моите надлежности во безбедноста и разузнавачките служби, ќе инсистирам на нивно темелно реформирање согласно сите највисоки стандарди на НАТО. Ова ќе биде моја постојана лична заложба, а ситуацијата активно ќе ја набљудувам и ќе настојувам напредок во оваа област да имаме час поскоро.

Дозволете во оваа прилика да се заблагодарам на Постојаните претставници на земјите-членки кои до сега го ратификуваа пристапниот протокол и воедно да потенцирам дека сме задоволни од динамиката на ратификација. Очекуваме дека и останатите држави ќе ги заокружат внатрешно-правните процедури, а процесот ќе заврши кон крајот на годината.

Како држава остануваме посветени на придонесот за зачувување на глобалниот мир и стабилност,  борбата против меѓународниот тероризам, за што сме подготвени во наредниот период да го зајакнеме нашето учество во мировните операции под водство на НАТО.

За нас членството во НАТО е еден од најголемите кохезиони фактори во нашето мултиетничко општество,  а поддршката за процесот е константно висока години наназад, што не обврзува како држава да продолжиме со реформите и како полноправна членка на НАТО“, изјави Пендаровски длабоко убеден дека членството во НАТО на Северна Македонија позитивно ќе се одрази на регионалната безбедност и стабилност, со што влијанието на надворешните малигни фактори ќе биде сведено на минимум.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ