• Latest

3 јуни: НАТО во Скопје, антикорупција, националисти…

June 3, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

3 јуни: НАТО во Скопје, антикорупција, националисти…

June 3, 2019 17:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

НАТО во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во своето излагање пред почетокот на разговорите за процесот на пристапување на земјава во НАТО, денеска рече дека членството на Северна Македонија во Алијансата е мошне важно, не само за државата, туку и за целиот регион, како и за Северноатлантската Алијанса. Првиот човек на Алијансата потсети на успешно затвореното прашање со Грција, додавајќи дека храброста се исплатела и оти подобрувањето на безбедноста ќе значи и побрз економски развој за земајта.

Премиерот Зоран Заев истакна дека  Северна Македонија веќе има бенефит од членството во Алијансата, прецизирајќи дека било забележано зголемување на странските инвестиции, покачување на платите и намалување на невработеноста во земјава.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, на средбата со Столтенберг и со Северноатлантскиот Совет истакна дека се цени суштинскиот демократски напредок и спроведените реформи насочени кон возобновување на институционалниот и правен поредок во државата, потенцирајќи ги успешните договори со Грција и Бугарија, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Како држава остануваме посветени на придонесот за зачувување на глобалниот мир и стабилност,  борбата против меѓународниот тероризам, за што сме подготвени во наредниот период да го зајакнеме нашето учество во мировните операции под водство на НАТО. За нас членството во НАТО е еден од најголемите кохезиони фактори во нашето мултиетничко општество,  а поддршката за процесот е константно висока години наназад, што не обврзува како држава да продолжиме со реформите и како полноправна членка на НАТО“, изјави Пендаровски. 

Националистите го покажаа своето вистинско лице

„Смрт за клетите шиптари“ и „Чиста Македонија“, со овие расистички скандирања навивачите, но и голем дел од македонските граѓани ја прославија титулата Европски шампион на ракометниот клуб „Вардар“ на плоштадот во Скопје. Прослаавата на плоштад Македонија резултираше и со една повреда на девојка од користење на пиротехника. 

На говорот на омраза веднаш реагираше јавност и граѓанските здруженија. ЦИВИЛ -Центар за слобода го осуди ваквото навивање и прославување. Од ЦИВИЛ упатија барање до институциите да реагираат на време и да не дозволат уште една „прослава на омразата“! Да ги преземат сите мерки, да ги истражат овие случаи и итно да го санкционираат поттикнувањето на насилството и ширењето на меѓуетничка омраза.

„ЦИВИЛ најостро ги осудува сите форми на поттикнување на насилство, говор на омраза и предизвикување на меѓуетничка омраза. ЦИВИЛ и понатаму ќе го следи развојот на настаните поврзани со синоќешните инциденти. Неказнивоста на овие дела мора да запре засекогаш!“, се вели во нивното соопштение.

Министерствто за внатрешни работи, пак, преку соопштение извести дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир на пречекот на ракометарите и ќе биде најстрого санкциониран било каков обид за предизвикување на инцидент, како што тоа беше направено на синоќешната прослава..

Од министерството апелираат до граѓаните да не употребуваат навредливи пароли, скандирања или пеење на песни со кои шират говор на омраза, затоа што тоа ќе биде санкционирано, а граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства затоа што на тој начин се загрозува сечија безбедност, како што беше случајот со девојката што вчера  се здоби со повреди од пиротехничко средство.

Антикорупциска покренува прекршочна пријава против градоначалникот на Неготино

Државната комисија за спречување на комисија го затвори предметот и не поведе понатамошна постапка во случајот каде градоначалникот на Неготино, Тони Делков, се обвинува дека ја вработил сопругата на совјот прв братучед.

Сепак, ДКСК донесе одлука да се покрене прекршочна постапка против градоначалникот на Неготино во случај каде се обвинува за  потпишување вработувања на нови лица за време на изборна кампања. Според ДКСК,  тој започнатите постапки за вработување требал да ги стави во мирување и во никој случај да не започнува за вработување на нови лица за време на изборна кампања. Вработувањата оделе преку Агенција за привремени вработувања.

Обвинителство со кривична пријава против Ел Чека

Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за Неовластено прислушување и снимање против лице од кичевското село Турин, кој на Фејсбук се преставува како Ел Чека и снимките од прислушуваните материјали ги пушта од Чикаго. ОЈО побара од надлежните органи во САД да преземат законски дејствија  во насока спречување на натамошно објавување на сниманите материјали. Содржината на кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика се однесува на едно лице кое е со адреса на живеење во Кичевското село Турин, но дека кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД каде преку неговиот Фејсбук профил Ел Чека неовластено објавува снимани материјали.

Европскиот комитет со порака за вложување во борбата против аерозагадувањето

Државата има добри закони и стратегии од областа на заштитата на животната средина, но нема капацитети да ги примени, и тоа најмногу се чувствува кога се во прашање квалитетот на воздухот, заштита на водите, како и управувањето со отпад. Ова е еден од заклучоците поврзани со екологијата во проценката за напредокот на Република Северна Македонија, кои произлегоа од Извештајот на Европската Комисија за 2019 година, кој беше објавен во средата.

Во препораките на ЕК во делот за животната средина и климатските промени стои дека земјава мора да ги примени мерките за подобрување на квалитетот на воздухот преку обезбедување соработка и координација меѓу властите на државно и на локално ниво, но и да обезбеди доволно средства за реализација на тие мерки. Исто така, на Македонија ѝ се препорачува спроведување на усвоените планови за управување со отпад, како и развивање Национален план за енергија и клима, за да ги исполни своите обврски од Парискиот договор и Рамката ЕУ 2030. Во однос на аерозагадувањето, во Извештајот на ЕК се вели дека недостигот на административни и на финансиски ресурси сериозно го загрозува спроведувањето на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ