Верниците од исламска вероисповед во светот и во нашата земја, денеска го слават Фитер Бајрам, празникот на солидарноста кој доаѓа по 29-дневниот пост, месецот Рамазан. Во 05:40 утрово се одржа Бајрамската молитва, јавува ЦИВИЛ Медиа.
По завршување на молитвата, верниците седнуваат на семејна трпеза на заеднички појадок и си го честитаат светиот празник Фитер Бајрам. Потоа следат посети од блиски, комшии и роднини за да разменат честитки.
Ден пред празникот или на последниот ден од постот на месецот Рамазан, според исламскиот календар, верниците дават „фитри“, подароци на сиромашните, немошните, болните, учениците, џамиите или другите места одредени според верските правила. Делењето на „фитрите“ го симболизираат солидарниот карактер на овој празник.
Познат поинаку и како Голем Бајрам или Рамазан Бајрам, овој празник во Северна Македонија е државен празник и неработен ден за сите граѓани. Оџите во сите џамии држат и предавања во кои доминираат повиците за солидарност, мир, спокој, лубов, верба во Господ и меѓусебно почитување.
Текст и фото: Арбен Зеќири
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.












