„Главен предизвик не само во Северна Македонија, туку и во целиот регион е владеење на правото. Владеење на правото е мајка на сите реформи, во контекст на европска интеграција и создавање клима за мир, просперитет и стабилност“, вели Палмер.
Очекува Сенатот на САД да го ратификува пристапниот Протокол за влез во НАТО во најбрзо можно време.
„Ги охрабрувам луѓето да ја земат предвид големата слика, а тоа е дека процесот за НАТО се движи напред, и тоа многу побрзо од очекуваното, а доколку ЕУ не донесе датум за преговори во јуни, тоа ќе се случи во јули или октомври. Јас цврсто ги охрабрувам политичарите и граѓаните на Северна Македонија, да останат обединети во овој процес, да останат посветени, и да имаат верба дека сите ние сме посветени на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ“, изјави Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.
А.М.












