• Latest

На автопатите има повеќе возила, а три пати помалку сообраќајки од обичните патишта (инфографик)

June 7, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На автопатите има повеќе возила, а три пати помалку сообраќајки од обичните патишта (инфографик)

June 7, 2019 08:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На македонските автопати се случиле за три пати помалку сообраќајни несреќи во споредба со обичните патишта. Според податоците на Државниот завод за статистика, во последните 5 години на автопатите имало во просек по 320 незгоди годишно. Наспроти нив, на патните правци што не се изградени на ниво на автопат во периодот 2014 – 2018 година во просек имало по 967 сообраќајни несреќи годишно. Статистичките податоци велат дека бројот на загинати лица во незгоди постепено се намалува, но затоа пак во последнава деценија пораснал вкупниот број на несреќи на патиштата.

И покрај тоа што Северна Македонија има неколкукратно помалку километри автопат во споредба со обичните патишта, фреквенцијата на возила на автопатите е поголема, а со тоа и веројатноста за предизвикување сообраќајна несреќа. Просечниот годишен дневен сообраќај (ПГДС) на македонските автопати во 2017 година изнесувал 8.866 возила, додека на останатите 74 магистрални и регионални патишта на кои се мери фреквенцијата на возила од ЈП „Македонија пат“ во просек сообраќале по 3.400 возила дневно.

Ваквите резултати не треба да зачудуваат, бидејќи и европската пракса покажува дека инвестирањето во нови патишта и нивното адекватно опремување доведува до намалување на бројот на незгоди. За разлика од обичните патишта, автопатите имаат многу поголема ширина, лента за застанување, а опремени се и со видео – надзор што доведува до можност за побрза интервенција на властите во случај на сообраќаен застој, несреќа или казнување на возачи што не ги почитуваат сообраќајните правила.

Од друга страна, бројките на Државниот завод за статистика покажуваат дека во изминативе 5 години се намалил бројот на сообраќајни несреќи што се предизвикани како резултат на состојбата во која се наоѓа патот. Во периодот 2014 – 2018 година, само во 17 сообраќајни несреќи се утврдило дека патиштата претставуваат грешка што довела до незгодата.

Светската здравствена организација (СЗО) пресметала дека сообраќајните несреќи на патиштата чинат околу 3% од бруто домашниот производ на повеќето земји низ светот. Поради ова, инвестирањето во нови патишта, реконструкцијата и дополнителното опремување на постојната патна инфраструктура се смета за еден од главните фактори што влијае врз намалувањето на сообраќајните незгоди и трошоците што произлегуваат од нив./мета.мк

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ