Сообраќајот со соседна Бугарија на граничниот премин Ново Село- Златарево, делумно е оспособен по вчерашниот голем пожар во административната зграда на бугарска страна.
Засега може да преминуваат автомобили, додека товарните возила ќе мора да се упатуваат на другите гранични премини кон соседна Бугарија.
Пожарот буквално ја проголта царинската испостава.
Според истражните органи на Бугарија, пожарот избувнал во електричната табла на првиот кат, по што со голема брзина се проширил на остатокот од зградата.
А.М.