• Latest

Браво за ДУИ и честитки до Бујар Османи

June 11, 2019

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Браво за ДУИ и честитки до Бујар Османи

June 11, 2019 10:59
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Никој не може да го оспори фактот дека ДУИ секогаш имала прекрасно чувство за тајминг. Само што политичката јавност во Македонија помисли дека најголемата албанска партија е потрошена и нема повеќе идеи како квалитетно да ја продолжи политичката борба, дојде моќниот, напреден и многу интелигентен одговор од политичкото водство на ДУИ.

Сигурен сум дека се сложувате, дека со изборот на Бујар Османи како претседател на ДУИ, партијата, а со тоа и севкупното општество во Република Северна Македонија конечно се модернизира и покажува ВИСТИНСКИ нијанси од демократските бои, кои одамна се практика во Европската Унија кон која сите се стремиме.

Агрон Биба

Поминаа веќе неповратно тие времиња кога албанските партии играа детски џамлии со своите гласачи, од кои бараа да гласаат за еден лидер на партија, а потоа на највисоката и најодговорна функција поставуваа еден сосема друг човек. Поставениот албански политичар на највисоката политичка функција не можеше во свое лично име да одлучува апсолутно ништо. Тој беше вицепремиер, но на прашањето дали го пие кафето со шеќер или без шеќер, ќе мораше да одговори-

– Само малку ве молам, морам да се јавам во базата и да ми каже претседателот на партијата дали го пијам кафето со шеќер, и после ако го пијам со шеќер, ќе морам да се јавам повторно да ми кажат со колку лажици шеќер го пијам?!?

После се јавуваше да допраша дали кога го меша кафето треба да ја врти лажицата во насока на `сказал`ките на часовникот или обратно, па колку пати да промеша, па после со колку сркања да го испие/допие кафето…Што?!? Се извинувам, состанокот заврши? Многу кратко и многу брзо господа, зошто така? И така, до следното пиење работно кафе во највисокиот врв на владата, со Албанецот кој беше на највисоката политичка функција во власта. Смешно, детски политички џамлии или политичко-сицилијанско-калабрези мафијашко работење. Ти седи тамо на сонце, јас ќе ти шептам од под сенка. Ти сноси одговорност, јас ќе примам аплаузи. Ти биди садри-азем, јас ќе бидам и останам СУЛТАН. Навреда по канунот на Лек Дукаѓини за секој албански гласач.

Ќе се согласите дека битката беше жестока, но повеќе од фер и коректна. Другиот кандидат во трката, почитуваниот господин Талат Џафери, исто така во една од трите најважни функции во нашата држава, таа на Претседател на Собрание, со право обрнуваше внимание дека неговата функција е повисока од таа на противкандидатот Вицепремиер, и дека тој треба да биде на чело на партијата. На крајот, мислам дека за нијанса превагна инсистирањето на господинот Бујар Османи, тоа што успеа да ги убеди членовите на Партијата за Демократска Унија за Интеграција, дека седиштето на партијата треба и мора да биде во Скопје, како главен град и седиште на скоро сите(ако не и сите) државни институции. Тука не смее да се исклучи и одлучувачкото влијание на странските амбасади и амбасадори кои инсистираат веќе подолго време за седиштето на Партијата ДУИ, или да се исели од Мала Речица за Скопје, или пак Мала Речица да се преименува во Голема Река. Раководството на ДУИ беше со право уплашено од реакциите на локалното население во Мала Речица кои се само-организираа во здружението `името не го даваме`. Тука, во овој момент, дојдоа до израз смиреноста, способноста и политичките врски на господинот Бујар Османи, кој ги искористи сите негови, така да ги наречеме, скопски врски, за да издејствува поддршка од членството.

Поддршката која што дојде од амбасадата на Обединетите Американски Држави, поддршката од амбасадата на Обединетото Кралство и таа од амбасадата на Република Германија имаше пресудна улога. Конечно, и албанските партии во Македонија можат да се пофалат дека се модернизираа и го пратат политичкиот меинстрим курс во нашата држава. Лидерот на СДСМ, партијата која е на власт, презема и политичка и општествена ОДГОВОРНОСТ, истовремено е и Премиер на Владата на Република Северна Македонија. Лидерот на опозицијата ВМРО ДПМНЕ, е истовремено и лидер на опозиционата партија, и претендира да биде иден премиер на државата. Сега, конечно, и албанската партија на власт ДУИ, конечно го направи тоа што требаше многу многу одамна да се случи, (бат, бет`р лејт дхен невер), лидерот на партијата на највисоката можна политичка функција во државата, каде се големите привилегии таму да бидат и големите одговорности.

Вицепремиерот Бујар Османи и Претседателот на Собранието Талат Џафери, после фер и коректна демократска трка во нивната партија, докажаа како е тоа во демократските земји на Европската Унија, кон кои тежнееме.

Искрени и големи честитки за Бујар Османи, за новоизбраниот претседател на Демократската Унија за Интеграции, кој ќе продолжи во својата вицепремиерска функција, веднаш до премиерот Зоран Заев.

Се разбира, не можеме и не смееме да не му честитаме и на господинот Талат Џафери, кој докажа дека има вистинска дисциплина и авторитет, кој е достоен и импресивен Претседател на Парламентот на Република Северна Македонија, но има и демократски и широкогради капацитети. Неговата искрена и цивилизирана честитка до победникот г.Бујар Османи, сигурно допринесува во јакнењето и унапредувањето на внатрешно-демократските процеси во нивната партија која конечно се модернизира, исто така помага во демократизирањето на албанскиот гласач во Македонија, а со тоа и унапредувањето и демократизирањето на граѓанското општество во Република Северна Македонија.

На крајот, сигурно, не можеме да не му се заблагодариме и на господинот Али Ахмети, досегашниот лидер на популарните интегративци, кој имаше неверојатен и непроценлив придонес во демократските развитоци на општеството во Македонија. Неговото доброволно повлекување од политичката сцена, покажува за неговата несебичност и пожртвуваност, кога се во прашање општите интереси не само на албанските, туку и интересите на сите граѓани во Македонија, без оглед на нивната национална, верска и друга припадност.

Се разбира дека оваа колумна е позајмена од блиско-далечната иднина.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share137Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ