• Latest

Сите пријави за кршење на човековите права, корупцијата, говорот на омразата и лажните вести на едно место

June 12, 2019
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сите пријави за кршење на човековите права, корупцијата, говорот на омразата и лажните вести на едно место

June 12, 2019 10:21
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ги постави на едно место пријавите за кршење на човековите права и слободи во најширока смисла на зборот, говорот на омразата, лажните вести и случаите на корупција. Прегледно и едноставно, сите граѓанки и граѓани што сакаат да учествуваат во граѓанскиот мониторинг на состојбите во нивните средини и воопшто, во целата држава, можат да го сторат тоа со само неколку кликови.

Доволно е да се отвори веб страницата Граѓански објектив посветена на активизмот, граѓанското новинарство, човековите права, транспарентноста и одговорноста, во рубриката ПРИЈАВИ и да се одбере потребниот формулар. За да се олесни комуникацијата, во случај пријавувачите да се двоумат која пријава да ја одберат, доволно е да го отворат формуларот ЧОВЕКОВИ ПРАВА и да ги внесат податоците во категоријата „Друго“. Причината за тоа е едноставна, сите облици на повреда и злоупотреби се дел од темите во корпусот на човековите права и слободи.

Пријавите се драгоцени за ЦИВИЛ, за јавноста и за институциите што се посветени на заштитата на човековите права и законитоста. Сите информации ќе бидат разгледани внимателно и ќе бидат подложени на проверки. Тие ќе бидат дел од извештаите на Организацијата и од комуникацијата со јавноста и со институциите. На медиумската платформа на ЦИВИЛ, што ги вклучува веб страниците Граѓански објектив, ЦИВИЛ Медиа, Зелен ЦИВИЛ и други, секојдневно се објавуваат информации и стории за повредата на човековите права, корупцијата, дискриминацијата, говорот на омразата, лажните вести и низа други појави и случаи што се во спротивност со интересите и потребите на граѓанките и граѓаните.

Сите пријави се АНОНИМНИ, а податоците добиени од пријавите ќе бидат третирани на тој начин што, доколку се објавуваат или процесираат понатаму во институциите, ќе се обработат на тој начин што максимално ќе се заштитат изворите на информации. ЦИВИЛ има големо искуство во тоа и никогаш не ги доведува своите извори во било каква непријатна ситуација или опасност.

ЦИВИЛ ги повикува сите свои поддржувачи и членови, граѓанските новинар(к)и, активистите и сите засегнати граѓанки и граѓани да ја користат оваа можност и да помогнат во откривањето на коруптивните и противзаконските дејствија, злоупотребите и кршењето на човековите права. Воедно, очекува предлози и насоки за подобрување на форматот на пријавите, формулацијата на прашањата и областите и сѐ друго што мислат дека може да помогне во овие заеднички напори и заложби. Воедно, од Организацијата се упатува јавна благодарност за огромната доверба и поддршката што доаѓа од сите краишта на нашата земја.

Веб страницата и проектот Граѓански објектив се поддржани од National Endowment for Democracy.

 


ПРИЈАВИ!

КРШЕЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
КОРУПЦИЈА
ГОВОР НА ОМРАЗА
ЛАЖНИ ВЕСТИ

Share50TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ