• Latest

Ја изгубивме Тамара, Ханета не смееме да ја изгубиме!

February 10, 2016

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Ја изгубивме Тамара, Ханета не смееме да ја изгубиме!

February 10, 2016 12:52
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашниот протест на граѓаните за одбележување на годишнината и барање одговорност за смртта на малата Тамара од Велес, но и случувањата околу самиот протест, ни покажаа уште еднаш дека во вакви услови, кога државата и институциите не функционираат или функционираат селективно и исклучиво по волја на властодршците, притисокот на граѓаните и јавноста е можеби единствениот начин за тие да се натераат да го прават она што, всушност, им е должност и за што добиваат плата од граѓаните.

Пишува: Петрит Сарачини
Пишува: Петрит Сарачини

Притисокот очигледно има резултати, иако, и тие „мали“ победи, власта секогаш се обидува да ги изврти и да ги употреби во своја корист, обидувајќи се на граѓаните да им ја извади низ нос секоја отстапка. Ете, на пример, интересно е да се спомене дека веста за отворање на истрагата за Тамара од Обвинителството, по молкот на оваа институција од речиси една година, коинцидираше со најавениот протест на граѓаните и иницијативите кои бараат одговорност за смртта на Тамара. Начинот на реагирање потсети на неколку такви горчливи моменти од не толку дамнешното минато. Ако се сеќавате, такво нешто се случи со „ослободувањето“, т.е условниот отпуст од затворот во Шутка на новинарот Кежаровски, токму пред одржувањето на протестот за негово ослободување. Истото се случуваше и со неколкуте ретерирања и отстапки на власта за време на студентските протести, кои редовно се случуваа – ден пред закажани протести.

И овој пат, власта со своите потези се труди да го ублажи притисокот, но и да го испразни потенцијалот на граѓаните да ја притискаат. За секое чудо, власта чека да поминат три, а богами и повеќе денови, за граѓаните да заборават, да се демотивираат, да изгубат надеж и верба, да престанат да се бунат и да ги остават властодршците на раат, да владејат без никаква одговорност. За да можат да ги трошат нашите пари за нивните потреби, од кои главната е онаа – преку замајување на народот со шарени лаги и глупости, да останат што подолго на власт и што поблиску до ќесето со народни пари.

На протестот пред Обвинителството за Тамара, која што веќе ја изгубивме, дојде малата Ханета со нејзиното семејство. Ханета има сличен проблем како Тамара. Нормално, здравствените авторитети не знаеја за нејзиниот случај. Но, ете, послужи овој протест и гласот на граѓаните, и тие веќе се информирани и декларативно, се заложиле дека бргу ќе го разгледаат случајот.

Лекувањето чини 20.000 евра, или во превод, една прва субвенционирана награда на некој од поп или фолк фестивалите, или три-четири субвенции од по неколку илјади евра за песни за семејни вредности. Се надеваме дека „разгледувањето на слуачјот“ нема да се одвива како пред една година со малата Тамара. Работата може да се реши за еден ден, доколку се сака. На потег се институциите.

Tags: #ТамараПротестиФЗОМХанетаЦивилЦИВИЛ - центар за слобода @enЦИВИЛ-Медиа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ