ЗОРАН ИВАНОВ
Ако вицот за гордоста била во мускулите спрема Атина и Софија, ете сега нацијата е горда, ние, Македонците, ги отфикаривме и Грците и Бугарите, панормално, што си мислат тие, занес, знаат ли со кого си имаат работа, знаат ли кој е типот што на сред Скопје, нашата кралевина, го јавнал Букефал, знаат ли воопшто, дали конечно сфаќаат со кого, со чии горди потомци од Пела и Паљурци се фатиле за конфликт и сфаќаат ли конечно и Атина и Софија и Брисел и Вашингтон со кого си играле мајтап, кого тоа потценувале и кого тоа понижувае, е па преку глава, доста е, „ветивме, остваривме“, сега си ја враќаме гордоста античка и кој ги шиша и Атина и Софија и Брисел и Вашингтон и, кажано и во оваа една реченица, си ја враќаме империјата, а за државата, ха, чуму ние таа покрај империјата, какви соседи, каква ЕУ, какви бакрачи, сега, постизборно, прво ќе си поспиеме некое време па, натаму, натаму здравје.