• Latest
Обожавателите пред студиото на Џими Кимел протестираат против прекинувањето на емисијата. Фото: Скриншот од видео на ВВС

ABC ја повлече емисијата на Џими Кимел „на неодредено време“ по заканата од администрацијата на Трамп

September 18, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ABC ја повлече емисијата на Џими Кимел „на неодредено време“ по заканата од администрацијата на Трамп

September 18, 2025 08:50
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Обожавателите пред студиото на Џими Кимел протестираат против прекинувањето на емисијата. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Обожавателите пред студиото на Џими Кимел протестираат против прекинувањето на емисијата. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Share on FacebookShare on Twitter

ABC го повлече доцноноќниот водител Џими Кимел од емисија на неодредено време поради коментарите што ги даде за пукањето во десничарскиот инфлуенсер Чарли Кирк, пренесува Би-би-си.

„Емисијата „Џими Кимел во живо“ ќе биде повлечена на неодредено време“, изјави портпаролот на мрежата во сопственост на Дизни.

Според Си-ен-ен, зачудувачката одлука дојде само неколку часа откако службеникот на администрацијата на Трамп одговорен за лиценцирање на локалните станици на ABC јавно изврши притисок врз компанијата да го казни Кимел.

Порано оваа недела, Кимел за време на неговата емисија рече дека „Мага бандата“ се обидува да добие политички поени од убиството на Кирк.

Кимел не коментираше за BBC кога се појави кратко по објавувањето од телевизиското студио во Лос Анџелес.

Кимел во својот монолог во понеделник навечер рече:

„Мага бандата очајно се обидува да го окарактеризира ова дете кое го уби Чарли Кирк како нешто друго освен едно од нив и прави сè што може за да добие политички поени од тоа“.

Доцноноќниот водител, исто така, го критикуваше спуштањето на знамињата на половина копје во чест на Кирк и се потсмеваше на реакцијата на американскиот претседател Доналд Трамп на пукањето.

„Вака не возрасен тагува по убиството на некој што го нарекува пријател. Вака четиригодишно дете тагува по златна рипка“, рече Кимел, кој често му се потсмева на Трамп.

На денот кога беше застрелан Кирк, Кимел се огласи на Инстаграм за да го осуди нападот и да испрати „љубов“ до семејството на 31-годишниот активист.

Групите за слобода на говорот и слободата на изразување веднаш ја осудија ABC, нарекувајќи ја суспензијата кукавичка, додека претседателот Трамп, кој често се расправаше со Кимел, славеше од Велика Британија, каде што е во државна посета.

Кратко откако ABC објави дека Кимел е суспендиран, претседателот Доналд Трамп објави дека тоа се „одлични вести за Америка“.

Одлични вести за Америка: Рејтингот е оспорен. Шоуто на Џими Кимел е ОТКАЖАНО. Честитки до ABC што конечно има храброст да го направи она што мораше да се направи. Кимел нема НИКАКВИ таленти, а има полоши рејтинзи дури и од Колберт, ако тоа е можно. Тоа ги остава Џими и Сет, двајца тотални губитници, на лажните вести на NBC. Нивните рејтинзи се исто така ужасни. Направете го тоа NBC!!! Претседател DJT, напиша Трамп на Truth Social.

Повлекувањето на Кимел од етерot доаѓа помалку од девет недели откако CBS објави дека „Доцното шоу со Стивен Колберт“ ќе заврши по тековната сезона – одлука што беше широко оценета како политички мотивирана.

Д. Мишев

Tags: АВСзакана од Доналд Трампповлечена емисијата на Џими Кимелслобода на говор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ