• Latest

АД МЕПСО со заем од 26,4 милиони евра од ЕБОР ќе ја зајакнува преносната мрежа

July 23, 2024
Фото: СДСМ

СДСМ ги објави првите 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

June 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на АлЏезира

Економист: „Балканскиот насилник“ Вучиќ е „на колена“

June 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Британскиот парламент гласаше за „потпомогнато умирање“, отворајќи пат за историска промена на законот

June 20, 2025
УЧЕСНИЦИ ВО ЗЛОСТОРОТ Слепи послушници, како робови на Палевски и еден соучесник, се обвинети за смртта на Вања Ѓорчевска

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

June 20, 2025

24 ЧАСА: Смрт на улиците – нема крај на фаталните сообраќајки; Нетанјаху се жали – синот ја откажал свадбата поради ракетните напади; Додик слободно шета низ Русија; Холандија ја призна советската депортација на Кримските Татари како геноцид

June 20, 2025

Апелација им го укина куќниот и им определи ефективен притвор на поранешните директори на Клиниката за онкологија

June 20, 2025

ЕУ: Секоја одлука за изградба на мостови преку реката Ибар мора да се донесе со учество на сите заедници

June 20, 2025

На Мерко му е изречена казна од 10.000 евра за несовесно работење

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АД МЕПСО со заем од 26,4 милиони евра од ЕБОР ќе ја зајакнува преносната мрежа

July 23, 2024 12:03
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Владата денеска е потпишан договор за заем од 26,4 милиони евра меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО, наменети за зајакнување на преносната мрежа. Параф на договорот ставија претседателката на ЕБОР Одил Рене Басо и директорот на АД МЕПСО Зухди Енуз во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Средствата ќе бидат искористени во рамки на проектот за изградба на трафостаница блиску до Милетково и обнова на 110 киловолтниот далновод Валандово -Струмица, што ќе овозможи приклучување на нови 1170 мегавати од обновливи извори кои стојат неприклучени. Вкупната вредност на овој проект е 34,7 милиони евра од кои 26,4 милиони се обезбедуваат со заем од ЕБОР, а 7,6 милиони евра се грант обезбеден од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан на ЕУ и половина милион евра од Климатскиот инвестициски фонд за забрзување на транзицијата од јаглен.

Претседателката на ЕБОР Басо истакна дека овој проект ќе има сериозно влијание со намалување на загубите за пренос со 14,5 гигавати и намалување на емисиите на ЦО2 до 8.158 тони годишно, што ќе го трансформира енергетскиот пејзаж на Северна Македонија.

-Клучно и она што би сакала да го потенцирам е дека проектот ќе овозможи поврзување на дополнителни 1,2 гигавати од обновливи извори што во моментов не може да бидат поврзани затоа што имаме застарени потстаници во Југоисточниот регион. Покрај оваа корист проектот ќе негува и развој на човечки капитал. Ние ќе помогнеме МЕПСО да воспостави центар за обука во Југозападниот регион и овој центар ќе се фокусира на обука на операторите на мрежите и другите секторски работници коишто ќе бидат погодени од транзицијата кон зелена енергија и ќе развијат зелени вештини за иднината, нагласи Басо изразувајќи задоволство од продолжувањето на соработката со МЕПСО и со Владата за олеснување на агендата за зелена транзиција.

Проектот, како што додаде Басо, вклучува и поддршка за развој на мастер план за мрежи во коишто ќе се идентификуваат клучните инвестиции во мрежата коишто се потребни за распоредување нови обновливи извори и да се обезбеди беспрекорна транзиција кон зелена енергија. Во тој мастер план ќе има и платформа за правична транзиција преку ЕБОР која ќе ја опфати и транзицијата од старите кон нови мрежи со што ќе се даде поддршка за заедниците коишто ќе бидат погодени од оваа транзиција.

Според евроамбасадорот Гир, инвестирањето во преносни линии и воведувањето паметни мрежи е клучен потфат во Северна Македонија имајќи предвид дека мрежите во земјата се стари веќе со децении и многу треба да бидат заменети и имаат недостиг од нови приклучоци.

-Без такви инвестиции нема да има можност да се исполни планот за декарбонизација којшто го постави земјата во својата зелена агенда. Накусо, не може да имаме транзиција бес пренос. ЕУ и понатаму ќе придонесува во овој процес преку инвестиции од инструментот за инвестиции за Западен Балкан и новиот план за раст и ќе помогнеме да се изградат посилни регионални поврзувања и да се обезбеди одржлив развој. Овие дејства ќе и помогнат на Северна Македонија да ја достигне својата цел и да постигне 66 проценти удел од производството на енергија од обновливи извори до 2030 година, рече Гир најавувавјќи дека ќе продолжи поддршката за земјава бидејќи инвестицијата во енергетска структура е двигател за регионалниот развој и економскиот раст.

Министерката за енергетика Божиновска порача дека токму еден од приоритетите на оваа Влада е зајакнување на електропреносните капацитети преку реконструкција односно ревитализација на постојните далекуводи. Таа увери дека се што ќе биде сега договорено и потпишано ќе се испочитува и целосно стопроцентно ќе се реализира.

-Се’ што ќе биде сега договорено и потпишано ќе се испочитува и ќе се работи како што ќе потпишеме, ќе си ги одржиме нашите ветувања како Влада. Сакаме да работиме на сигурноста на гридот (мрежата). Не можам да зборувам што се случило и зошто не е нешто направено од 2018 или порано, тоа ќе видиме за некое време, бидејќи ќе видиме ревизијата што ќе покаже. Така што, ние може да зборуваме од денеска па понатаму дека ќе биде поразлично и дека ќе се потрудиме да ги исполниме сите наши обврски од сите договори што ги имаме и што ќе се потпишуваат во иднина, рече Божиновска прашана дали во договорот за заем од ЕБОР има казнени пенали со оглед дека МЕПСО во 2018 година платило околу 800.000 евра пенали за земен, но неискористен заем од ЕБОР, односно нереализирани проекти.

Таа најави дека ќе следи ревизија на сите енергетски капацитети, вклучувајќи го и МЕПСО за што е разговарано со државниот ревизор, и се прави план тоа да се реализира во септември, за следната година, а има и некои ревизии кои се веќе направени. Министерската Божиновска побара трпение од јавноста со оглед дека Министерството е во фаза на оформување.

-Денеска ни е еден месец откога што седнавме на столчињата, така што ако може да имате малку трпение. Ние се уште немаме ни простории, така што сме во процес на оформување, меѓутоа ќе биде извршена целосна ревизија на сите енергетски капацитети, рече Божиновска.

ЕБОР се смета за клучен партнер на МЕПСО, кој финансира неколку клучни проекти како поврзувањето со Бугарија и Албанија, рехабилитација на мрежата со висока волтажа, а ќе го поддржи Акцискиот план за коропоративно управување, како и градењето капацитети за набавките. Од ЕБОР најавија дека во земјава ќе биде потпишан и договор со банкарскиот сектор за финансирање за некои од производите што ги нудат банките.

Фото: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ