• Latest
Фото; Скриншот од видео на АлЏезира

Економист: „Балканскиот насилник“ Вучиќ е „на колена“

June 20, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Економист: „Балканскиот насилник“ Вучиќ е „на колена“

June 20, 2025 19:11
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото; Скриншот од видео на АлЏезира

Фото; Скриншот од видео на АлЏезира

Share on FacebookShare on Twitter

Според британскиот неделник „Економист“, со месеци долготрајните масовни демонстрации предводени од студентите, кои се покажуваат како многу отпорни, длабоко го потресоа српскиот претседател Александар Вучиќ, кој владее со земјата од 2012 година.

Во написот објавен на веб-страницата на британскиот неделник, Вучиќ е опишан како „балкански насилник“, со оценка дека е „на колена“, пренесува Н1.

Британскиот неделник наведува дека студентите во Србија мора да одлучат „дали ќе дипломираат оваа година или ќе одат до крај во обид да го соборат Александар Вучиќ од власт“.

„Студентските демонстрации што започнаа во текот на зимата не стивнуваат и станаа инструмент за изразување отпор кон претседателот. Демонстрациите досега не успеаја да го соборат од власт, но ниту тој не успеа да ги смири“, се вели во текстот „Лидерот на Србија, Александар Вучиќ, длабоко потресен“.

Во текстот, кој ќе биде објавен утре во печатеното издание на „Економист“, се потсетува дека протестите започнале откако 16 лица загинале кога паднала бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Британскиот неделник додава дека студентите одбиле да соработуваат со добро познатите, но слаби опозициски партии, велејќи на почетокот дека сакаат само правда и подобро управување со земјата, но дека неодамна почнале да бараат предвремени избори.

Економистот наведува дека Вучиќ владее со Србија од 2012 година, бил влијателна личност и под Слободан Милошевиќ, и преживеал неколку бранови протести во претходните години, вклучувајќи демонстрации против контроверзниот план за рударство на литиум – кој Европската комисија го вклучи овој месец на списокот на проекти од стратешко значење за Европската Унија.

„Србија, кандидат за членство во ЕУ, под власта на Вучиќ успева да одржува пријателски односи со Русија, иако ја снабдува Украина со оружје. Неговата владејачка партија функционира како клиентелистички механизам – им обезбедува работни места на своите поддржувачи во замена за гласови. Исто така, ги контролира сите водечки медиуми“, се вели во текстот.

Економистот потоа наведува дека најновите протести го потресле Вучиќ и дека ги обвинува студентите дека се странски платеници и зборува за мистериозен обид за државен удар.

„Либералните невладини организации се цел на напади бидејќи добиваат средства од странство. Во последните десет години, ЕУ донираше 64 милиони евра за иницијативи на невладини организации. Но, ова е само дел од она што ЕУ ѝ го даде на владата за модернизација на Србија како целина“, се наведува во него.

Според Економист, „Егзит, голем музички фестивал во Нови Сад, кој ја врати Србија на културната мапа на светот по балканските војни, остана без државно финансирање поради поддршка за студентите, а овогодинешното издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија“.

Весникот пишува и дека партијата на Вучиќ едвај успеала да победи на локалните избори на 8 јуни во Зајечар и Косјериќ, каде што претходно освои речиси 80 проценти од гласовите, и дека Вучиќ затоа одбива да се согласи на предвремени избори.

Подготви: Ј. Ѓ./Фронтлајн

 

Tags: The EconomistАлександар Вучиќбалкански насилник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ