Само неколку дена откако творците на „Инстаграм“ ја напуштија компанијата, нејзиниот сопственик „Фејсбук“ за нов менеџер го постави Адам Мосери.
Новиот менеџер на „Инстаграм“ повеќе од десет години работи во „Фејсбук“, како еден од соработниците на Марк Закерберг.
Веста ја потврдија и творците на „Инстаграм“, Кевин Систром и Марк Кригер, кои оценија дека Мосери е најдобар избор, бидејќи има големо искуство и професионални квалитети и добро ги познава вредностите на социјалната мрежа.
Систром и Кригер изразуваат надеж дека во иднина Инстаграм ќе продолжи да ја проширува корисничката база и ќе станува се популарна во целиот свет.
Мосери му се придружи на „Фејсбук“ во 2008 година. Тој извршуваше неколку различни должности во компанијата, а во мај годинава беше именуван за заменик-претседател на одделот за менаџмент „Фејсбук“.
Изборот на Мосери не е изненадувачки, бидејќи голем број аналитичари веќе го оценија како вистинска личност за раководење со „Инстаграм“.
Следниот чекор за „Фејсбук“ е значително да се зголемат приходите заработени од апликацијата и да се обезбедат над една милијарда активни корисници на глобално ниво.