• Latest

Адеми: Државата ќе постапува по преостанатиот дел од забелешките на УНЕСКО

January 30, 2020

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Адеми: Државата ќе постапува по преостанатиот дел од забелешките на УНЕСКО

January 30, 2020 12:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот во Владата на РСМ и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми, изрази задоволство што средбата со претставниците на Мониторинг-мисијата на УНЕСКО што се во Охрид бил констатиран напредок во одредени сегменти, но и биле посочени одредени насоки како да се постапува понатаму.

Експертите од УНЕСКО истовремено изразиле задоволство од комуникацијата со сите субјекти во земјата, властите на централно и локално ниво, нешто што не било случај изминатиот период.

Адеми во изјавата за медиумите денеска од Охрид посочи дел од активностите што беа спроведени во насока на исполнување на забелешките од УНЕСКО, како напуштање на плановите за изградба на ски-центар на Галичица и патот А3, формирањето меѓудржавен македонско-албански Комитет за заедничко управување со Охридското Езеро, санацијата на најкритичните точки на Колекторскиот систем, усвоениот План за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029) со Стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина и културното наследство.

 

– Сега сме во процес на имплементација на останатото што бара повеќе време, како проектот за враќање на реката Сатеска во старото корито, процесите околу железницата и патот А2. Во соработка со експерти на УНЕСКО ќе се бараат решенија за сообраќајните проекти, се со цел да бидеме на иста линија по однос нивните барања, рече Адеми.

Според Адеми, интенција е Владата, сите институции на сите нивоа, општеството во целина заедно со УНЕСКО да работи на сочувување она што е културно и природно наследство на Охридскиот регион.

– Тие се свесни дека нешто што 30 години се правело така како што се правело, не може да се смени преку ноќ. Но, за нив е задоволувачки што оваа Влада има план и акција по прашање на имплементација на нивните препораки. Она што се очекува од институциите на локално и централно ниво, но и на сите останати субјекти да продолжат со реализација на своите обврски, рече Адеми.

По однос најекспонираното прашање за двоградбите, Адеме потсети дека она што сега се спроведува е експертска проценка за влијанието на објектите, утврдување на фактичката состојба, а потоа да се пристапи кон уривање.

– Во делот на надлежностите факт тоа е ингеренција на општините, но ние на Влада побаравме од Државниот инспекторат за градежништво да направи увид на лице место и да даде оценка, за потоа државата да може да постапи согласно законите. Она што е процес е процес, мора да се исполни. Дивоградбите се најчувствителниот сегмент, тоа е факт, меѓутоа чувствителен затоа што постојат закони, судови, управни постапки во тек…Ако се залагате за правна држава, а постапувате спротивно ништо нема да се направи. Интенција е целата процедура да биде согласно законите, појасни Адеми.

Тој посочи оти државата ќе преземе чекори во сите делови што налагаат вклучување институции од централно ниво, во насока на исполнување на обврските на УНЕСКО.

За забелешките од граѓанскиот сектор дека само декларативно се работи на исполнување на препораките, Адеми информира дека експертите од УНЕСКО позитивно го оцениле односот, конкретно имале пофални зборови за активностите на Владата која прифатила голем дел од препораките и забелешките на невладниниот сектор во Планот за управување до Охридскиот регион.

– Тоа е поздравено како добар начин на комуникација и соработка на централната власт и невладниот сектор. Тука нема шминка, знаеме дека не е се исполнето, но дека се работи покажуваат активностите на терен, рече Адеми.

Во однос на мораториумот за градење што го донесе Општина Охрид, Адеми со негов личен став дека истиот треба да остане на сила се додека не биде усогласен Планот за Охридскиот регион со легислативата.

Инаку, експертите на УНЕСКО се во земјата за да ги утврдат реализираните активности по однос барањата на Реактивната комисија на УНЕСКО од 2017 година. Од спроведеното на терен по однос забелешките ќе зависи каков ќе биде извештајот, дали Охридскиот регион ќе биде прогласен за светско културно и историско наследство во опасност.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ