По петицијата која ја покренаа средношколците за откажување на државната матура годинава, министерот за образование Арбер Адеми вели дека конечна одлука се уште нема, бидејќи состојбата се анализира, но напомена дека сите опции се отворени.
– Во повеќе наврати ова прашање е дискутирано на седница на Владата, но, и во главниот координативен кризен штаб. Нема простор за грижа, бидејќи секоја наша одлука која ќе ја донесеме ќе биде за најдобриот интерес на учениците. Никој нема да биде оштетен. Треба да се направат и дополнителни анализи со сите предизвици кои се соочуваат и прашањето на државната матура. Се дискутира и сите опции се на маса, како опцијата за пролонгирање на државната матура, но и опицијата за нејзино укинување. Ќе одлучиме водејќи се од интересот на нашите ученици, рече Адеми.
П. К.












