Еден од говорниците на панелот „Подемот на крајно десничарскиот национализам“ е експертот-истражувач за регионални политички односи од Босна и Херцеговина, Адмир Лисица.
Тој во своето излагање се осврна дека сегашната состојба на Европа е опасна за БиХ со подемот на национализмот.
„Русија го поддржува подемот на крајно десничарското движење и овие политики имаат поддршка во цела Европа. Одраз на деничарскиот национализам во Европа е Унгарија. По доаѓањето на Трамп за претседател во САД имаше луѓе по улиците во БиХ што ја славеја победата“, истакна Лисица.
Мислам дека големиот национализмот, поради геноцидот во БиХ, имавме и имаме проблеми во БиХ. Она што го истакнуваме дека ќе продолжи да расне десничарскиот национализам во Европа. Ние немаме поддршка од ЕУ во овој период и затоа ни треба цврста одлука од ЕУ која ќе каже добро БиХ, Црна Гора и Северна Македонија сакаат да се придружат – ние ќе ги поддржиме.
Лисица вели дека крајно десничарксата политика игра со чувствата на луѓето. Голем проблем во БиХ и за мене е поважна опција НАТО отколку Европската унија. Ова е убав пример да се види дека имаме проблем со Русија и ни треба поддршка од НАТО и ЕУ“, истакна Лисица
Адмир Лисица е историчар и истражувач, специјализиран за политичка историја, меѓународна политика и заедници во дијаспората. Автор е на четири книги, меѓу кои Приказни од дијаспората и бошњачката емиграција и бројни научни трудови. Во моментов Лисица ги анализира изборните процеси и радикалниот десничарски раст во Европа.
Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права – иницијатива на Владата на Северна Рајна-Вестфалија.
Конференцијата се состои од четири сесии, во кои учествуваат повеќе од 25 учесници од Северна Македонија, регионот, Европа и САД, како и изложба и штандови со изданија на организацијата која оваа година одбележува 25 ГОДИНИ од основањето.