Основниот кривичен суд донесе решение за казна од 2.000 евра за адвокатот Асмир Алиспахиќ, бидејќи на социјалната мрежа Фејсбук објавил статус за судијката Софија Лаличиќ во која ја нарекува „сваровски“ и „дно од судија“ и бара нејзино разрешување.
Решението за казната Алиспахиќ го споделил на фејсбук. Во решението, меѓу друго, се вели дека Алиспахиќ го навредил судот.
Со ова решение продолжува трендот на неказнивост за вистинските виновници по различни основи, а кои се под покровителство на партии и криминални структури и поединци во земјава, коишто со леснотија избегнуваат да одговараат за своите дела пред лицето на правдата.
Д. Тахири