• Latest

АФП: Македонија ќе треба да ги ревидира учебниците

June 11, 2018

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

АФП: Македонија ќе треба да ги ревидира учебниците

June 11, 2018 13:51
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во репортажа од Македонија, француската новинска агенција АФП, се интересира за учебниците по историја во Македонија и начинот на кој македонските деца учат за Александар Македонски.

Новинарите на АФП се интересираат за содржината на македонските учебници по историја од падот на комунизмот па сѐ до владеењето на Никола Груевски. Агенцијата го цитира историчарот Тодор Чепреганов кој вели дека „падот на Југославија го обнови националниот романтизам“ во Македонија, но дека трендот го засилил ВМРО-ДПМНЕ за време на своето владеење, особено преку начинот на кој се учи за историјата.

АФП цитира учебник за шесто одделение посветен на „македонската држава под Филип Втори“, во кој децата учат како тој ги „покорил хеленските колонии“, додека неговиот син Александар „успеал да ги победи Грците“ додека Грците го „отфрлиле“ македонското владеење.

Агенцијата цитира и текстови од високообразовните институции исто така. Па така, учебник од 2010 на штипскиот универзитет тврди дека „Античка Македонија е регион на Балканот на кој Македонците владееле, а не дел од Грција“.

Дамјан Тодоровски, битолски наставник, за АФП изјавува дека „сите учебници по 2006 се перење на мозокот, а не образование“.

– Немало македонска држава до 1945, вели граѓанката Соња Трајановска, за АФП, за што зборуваме? Нема да дозволам да ми го индоктринираат детето со национализам и фалсификувана историја“.

Новинарите потсетуваат дека Владата на Зоран Заев вети дека учебниците ќе бидат ревидирани од страна на експерти, не од политичари, но дека ќе биде тешко да се смени менталитетот кај наставниците, особено најмладите.

Наташа, 28-годишна наставничка од Македонија вели дека не разбира зошто треба да се „срами“ да каже која е. – Александар бил Македонец, а ние се плашиме тоа да го кажеме затоа што ги иритира Грците.

Новинарите констатирале дека некои Македонци не се сметаат воопшто за Словени, туку за „директни потомци на Филип и Александар“.

-„Горна Македонија“ е најверојатно новото име на државата, но националниот наратив потешко ќе се смени отколку името, пишува АФП. (МИА)

Tags: Александар МакедонскиисторијаистражувањеМакедонијаучебнициФранцуска новинарска агенција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ