• Latest

Афродита Шаља: УНФПА посветено ќе работи за постигнување на целите за одржлив развој до 2030 година

November 7, 2019
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Афродита Шаља: УНФПА посветено ќе работи за постигнување на целите за одржлив развој до 2030 година

амитот во Најроби ќе ги мобилизира политичката волја и финансиските заложби коишто се итно потребни за исполнување на програмата на ИЦПД, ќе ги сублимира заложбите за превенирање на мајчината смртност, елиминирање на незадоволената потреба за семејно планирање, родово базирано насилство, детски бракови, јакнење на човечкиот капитал во државите каде што се менува структурата на населението, како и други теми.

November 7, 2019 09:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Универзален пристап до сексуалното и репродуктивното здравје, финансирање на Акциската програма на Меѓународната конференција за население и развој (ИЦПД), демографски диверзитет со цел економски развој, елиминирање на родово базирано насилство и штетни пракси, како и право на сексуално и репродуктивно здравје во услови на хуманитарни кризи, се петте приоритетни области за кои ќе се расправа на претстојниот Самит на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Најроби, вели шефицата на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, Афродита Шаља.

Според неа, овие приоритетни области претставуваат насока за националните и локални заложби на владините тела, граѓанските организации, бизнисите и државите од цел свет, со цел нивно исполнување до 2030 година.

Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) е организатор на еден од најголемите самити во последните години, што ќе се одржи во Најроби, Кенија, од 12 до 14 ноември. Која е целта на тој собир?

Самитот во Најроби одбележува 25 години од одржувањето на Меѓународната конференција за население и развој (ИЦПД) што се одржа во Каиро, во 1994 година, кога 179 влади ја усвоија историската визионерска Акциска програма. Таа програма ги става луѓето во центарот на светските развојни процеси и ја зајакнува родовата еднаквост. Светот посветено ги засилува напорите за постигнување на Одржливите развојни цели до 2030 година (таканаречената Агенда 2030 на Обединетите нации) и постојано се повикува на ИЦПД, бидејќи тоа е суштината на постигнување на овие цели.

Оттука, Самитот во Најроби ќе ги мобилизира политичката волја и финансиските заложби коишто се итно потребни за исполнување на програмата на ИЦПД, ќе ги сублимира заложбите за превенирање на мајчината смртност, елиминирање на незадоволената потреба за семејно планирање, родово базирано насилство, детски бракови, јакнење на човечкиот капитал во државите каде што се менува структурата на населението, како и други теми.

Тие заложби, без разлика дали се политички или финансиски, ќе бидат усогласени на глобално, регионално, национално и локално ниво од страна на владите, бизнис-секторот, фондациите и други организации.

Се очекува на Самитот да присуствуваат околу 5.000 делегати од цел свет, а и Република Северна Македонија ќе има своја делегација. Која ќе биде структурата на настанот и кој ќе присуствува?

Се очекува на Самитот да присуствуваат околу 5.000 делегати од околу 140 држави, вклучително и претседатели, министри, премиери, парламентарци, лидери на локални заедници, претставници на граѓански организации, младински мрежи, експерти, академци, меѓународни финансиски институции, лица со посебни потреби, медиуми, други агенции на ОН итн.

Република Северна Македонија беше една од државите, потпретседавачи на Конференцијата во Каиро пред 25 години, заедно со Романија и Унгарија од регионот на Источна Европа. И сега, на Самитот во Најроби, делегацијата поддржана од УНФПА ќе учествува со 12 члена од различни министерства, институции, асоцијации и граѓански здруженија, меѓу кои сопругата на претседателот, високи претставници од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, парламентарци, претставници на стручни асоцијации, на граѓански здруженија, на младите, како и на медиумите.

Самитот не е класичен настан на ОН, туку собир каде што освен пленарни седници на високо ниво, ќе се одржуваат и работилници, тркалезни маси, изложби и настани од областа на културата. Идејата е да се соберат претставници со различни перспективи да изнајдат заедничка основа што ќе резултира со решенија што ќе ги рефлектираат заедничките вредности.

Дали се очекуваат одредени заклучоци од Самитот и со каква динамика би се реализирале?

Самитот ќе биде платформа каде што владите и другите организации ќе ги објават своите доброволни, национални, регионални и глобални заложби, вклучително и финансиски, за тоа како би го забрзале процесот на развој. Тука ќе се вклучат и иновативните финансиски модели од владите, меѓународните финансиски институции, како и приватниот сектор, коишто се неопходни за остварување на Агендата 2030.

Глобалните заложби се групирани околу пет приоритетни области – универзален пристап до сексуално и репродуктивно здравје како дел од универзалната здравствена покриеност, финансирање на Акциската програма на ИЦПД, демографски диверзитет со цел економски развој, елиминирање на родово базирано насилство и штетни пракси, како и право на сексуално и репродуктивно здравје во услови на хуманитарни кризи. Тие претставуваат насока за националните и локални заложби на владините тела, граѓанските организации, бизнисите и други, на државите од цел свет, со цел нивно исполнување до 2030 година.

Самитот ќе има интегриран пристап кон овие теми со акцент на јакнење на родовата еднаквост, лидерството на младите, политичко лидерство, иновативни решенија и различни партнерства во насока на забрзување на светскиот развој.

Горда сум што сум дел од оваа значајна приказна. Тимот на УНФПА и семејството на ОН остануваат подготвени посветено да работат со Владата и со сите партнери за да ги постигнат целите за одржлив развој до 2030, а со тоа и Акциската програма на ИЦПД.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ