Categories

МПЦ Агатангел: Комитите ќе ја бранат Македонија!

„Ние сме еден гердан македонски, и сега сака некој да земе жилет да го сецне и бисерите да излетаат, да ги снема, бисер да не остане. Но, нема! Имаме тука комити Македонци, имаме браќа што цврсто ќе застанат на браникот на одбрана на нашата татковина Македонија“, истакна митрополитот Агатангел, кој го објави ТВ Сител.

Повардарскиот митрополит смета дека Македонската православна црква, треба да ја копира Грчката црква и дека треба активно да се вклучи во протестите во одбрана на уставното име на Македонија. Тој вели дека е многу загрижен како ќе се вика државата. Владиката на МПЦ вели дека решението со Грција негативно ќе се одрзи и врз Македонската православна црква.

„Македонецот кога ќе ја изгуби својата Македонска православна црква тогаш нема да знае на која црква ќе припаѓа, дали на Горномакедонска, Северномакедонска, Новамакедонска или Скопска црква македонска“, додава тој.

Митрополитот верува дека македонскиот народ нема да дозволи да се промени уставното име. Инаку, се најавува голем Семакедонски протест „Македонија вечна“ во Скопје на 27 февруари, под слоганот „Името се изговара, за името не се преговара“. Дали и владиците на Македонската православна црквата ќе застанат во првиот ред на протестите за одбрана на името, како нивните грчки колеги.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email