• Latest

Агенција за национална безбедност на повидок

January 25, 2019
Фото: Марколепсија

Заблуди, стапици и други вештини, или: како да се закопа вистината под 15 слоеви логички заблуди

May 27, 2025
Илустрација генерирана со ВИ

Збогум, Америка

May 27, 2025
Дел од иконографијата на студентските протести во Србија (Фотомонтажа: Скриншот од YouTube/Фејсбук/Тридс

Зошто нема знамиња на ЕУ на протестите во Србија?

May 27, 2025

24 ЧАСА: Обвинителствата почнаа сослушување на семејствата на жртвите од Кочани; 400 години меѓународно право; Сојузниците ги укинаа ограничувањата за ракетите со долг дострел од Украина кон Русија

May 27, 2025
Foto: Wikimedia commons

Фон дер Лајен: Одвратно е убиството на цивили, вклучувајќи и деца на израелските воени операции во Појасот Газа

May 27, 2025

Во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во „Пулс“

May 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Не Трамп, „лудиот“ Путин не се променил, вистинското прашање е дали ти си се променил?

May 27, 2025
Фото: Министерство за дигитална трансформација

МДТ: Владата ги усвои Законот за електронски комуникации и првиот Закон за сајбер безбедност

May 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каков министер за здравство ни е потребен?

May 27, 2025

ОТФРЛИ (REFUSE): Почни да ја менуваш иднината сега

May 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Агенција за национална безбедност на повидок

January 25, 2019 17:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенција за национална безбедност е името на новата институција задолжена за безбедност и контраразузнавање, која треба да ја замени сегашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК). Насловот на институцијата, која во првата верзија на новиот закон беше Агенција за внатрешно разузнавање, е сменет за попрецизно да го отслика делокругот на нејзината работа.

Покрај оваа, навидум козметичка, промена, во тек се и интервенции во текстовите на сите пет закони од пакетот за реформи, најавува предлагачот, Министерството за внатрешни работи. Во моментов, пакетот закони за реформи на безбедносниот систем ги опфаќа новите предлог-закони за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, за Агенција за внатрешно разузнавање (оригиналниот наслов), и измени на законите за внатрешни работи, за странци и за следење на комуникациите.

„Процесот на реформи сеуште не е завршен и во периодот што следи се очекуваат измени на други законски решенија, вклучително и на Закоонот за Агенција за разузнавање, што ќе предизвика евентуална измена на постојни или креирање на нови законски решенија“ – најавува МВР.

На 15 јануари заврши периодот од два месеци во кој требаше да биде подготвена конечната верзија на текстовите на петте законски решенија од пакетот. Оригиналните текстови, според МВР, досега претрпеле значајни интервенции.

„Изготвувањето на Предлогот на Закон за Агенција за национална безбедност е резултат на компаративно искуство и учество на сите релевантни субјекти во државата, вклучително и невладини организации и професори, при што е јасно разграничено дека кривичните постапки согласно Законот за кривичната постапка се процесуираат од страна на јавен обвинител и правосудната полиција, а безбедноста е предмет на уредување на повеќе матични закони, вклучувајќи ги и Законот за Агенција за национална безбедност, Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница. Воедно укажуваме дека процесот на реформи на безбедносните служби е сéуште во тек, при што ќе следат нови измени на повеќе законски решенија“ – наведува МВР како одговор на дел од критиките упатени кон предложените текстови.

Паралелно со пакетот закони за реформи на безбедносно-разузнавачкиот систем, во тек е и постапка за донесување на нов Закон за класифицирани информации, чиј носител е Министерството за одбрана и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Игор К. Илиевски

 


Овој прилог е дел од серијата текстови засновани на мониторингот на ЦИВИЛ на реформските процеси во безбедносниот сектор во земјата.

ЦИВИЛ МЕДИА за реформите на безбедносните служби

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Четворица затвореници барале 1.200 евра од мајка за да не и го тепаат детето во затворот „Идризово“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ