• Latest

24 ЧАСА: Обвинителствата почнаа сослушување на семејствата на жртвите од Кочани; 400 години меѓународно право; Сојузниците ги укинаа ограничувањата за ракетите со долг дострел од Украина кон Русија

May 27, 2025
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Обвинителствата почнаа сослушување на семејствата на жртвите од Кочани; 400 години меѓународно право; Сојузниците ги укинаа ограничувањата за ракетите со долг дострел од Украина кон Русија

May 27, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Обвинителствата почнаа сослушување на семејствата на жртвите од Кочани

Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје, соопшти Јавното обвинителство.

Сослушувањата, како што се наведува во информацијата од обвинителството, се одвиваат согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата „Support Kocani“.

На 24 мај обвинителството објави дека законските застапници на починатите преку исказите дадени пред јавен обвинител ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Мережко: 400 години меѓународно право

„Кога се појавила науката за меѓународното право?

На ова прашање нема еднозначен одговор. Сепак, според мое мислење, како година на раѓање на науката за меѓународното право може да се смета 1625 година. Зошто токму таа година? Затоа што во 1625 година била објавена основоположничката книга на Хуго Гроциус – De Jure Belli ac Pacis (За правото на војна и мир).

Гроциус го напишал ова дело со цел да ја заштити правдата во меѓународните односи. Токму идејата за правда станала водечка и регулирачка идеја на новата дисциплина. Заради тоа, Хуго Гроциус често се нарекува „татко на меѓународното право“, пишува Претседателот на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната Рада, Олександар Мережко.“

РЕГИОН

Додик повторно во Москва

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за кој Судот на Босна и Херцеговина издаде централна потерница,  пристигна во Москва, каде што ќе учествува на 13-от меѓународен состанок на високи претставници задолжени за безбедносни прашања.

СВЕТ

Германија и други сојузници ги укинаа ограничувањата за ракети со долг дострел од Украина по рекордниот воздушен напад на Русија

Германија и другите украински сојузници ги укинаа ограничувањата за испукување ракети со долг дострел од Киев кон Русија за прв пат, изјави германскиот канцелар во понеделник, по неколкудневните бомбардирања на главниот град и другите региони од страна на Русија со масовни воздушни напади.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каков министер за здравство ни е потребен?

 

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ