• Latest

Ахил би папсал кога би трчал околу Скопје

August 26, 2019
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ахил би папсал кога би трчал околу Скопје

Деновиве на една телевизија гледам прилог за тоа како Скопје се шири без контрола, при што отсуствува секое сознание до каде тоа би можело да оди, зашто, всушност, неговите замислени граници се порозни, со пропусна моќ за хистеричната урбанистичка активност, или подобро, атака, која катадневно менува и обезличува. Од прилогот го добивам и податокот кој слободно може да влезе во онаа рубрика „верувале или не“, односно дека во просек изминатите години само за шест месеци продажбата на станови во Скопје била за 30 отсто поголема од целата претходна, па оттука логично е да се очекува до заокружувањето на годината процентот да бил удвоен, можеби и утроен...

August 26, 2019 15:45
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИЛАН БАНОВ

Некогаш одамна, кога границите на Скопје беа сосема препознатливи и дофатливи, кога зградите можеа да се избројат речиси на прсти и кога бројката на неговите жители следеше незабележително темпо на пораст, многумина, незадоволни од таквата состојба, сакаа овој град да го видат и поголем и повисок и побрз…

Напросто, сакаа определен развој по кој Скопје нема да се именува како гратче, или уште полошо, како паланка, туку ќе се препознава како урбана целина, култивирана и со сите оние содржини примерни за еден вистински град. И таа желба, освен за малкумина, уплашени дека промените ќе им го одвеат топлиот, безбеден и познат свет, беше природна и апсолутно на свое место.

Навистина не знам какви биле планови на тогашните урбанисти во смисла на менувањето на неговиот изглед, до која должина, ширина и височина им досегал погледот, но знам дека Скопје имаше свој непосакуван „урбанист“ – земјотресот – кој, парадоксално, урна безмалку сè и изгради сè, само повеќекратно поголемо. Практично, изгради мастодонт, огромен а невидлив, познат а непрепознатлив, град тајна на која не можат да ѝ се видат границите, менливи и минливи, граници кои брзаат и се упатиле во непозната насока.

Деновиве на една телевизија гледам прилог за тоа како Скопје се шири без контрола, при што отсуствува секое сознание до каде тоа би можело да оди, зашто, всушност, неговите замислени граници се порозни, со пропусна моќ за хистеричната урбанистичка активност, или подобро, атака, која катадневно менува и обезличува. Од прилогот го добивам и податокот кој слободно може да влезе во онаа рубрика „верувале или не“, односно дека во просек изминатите години само за шест месеци продажбата на станови во Скопје била за 30 отсто поголема од целата претходна, па оттука логично е да се очекува до заокружувањето на годината процентот да бил удвоен, можеби и утроен. И сето тоа поради, нели, стручно-лукративното скенирање на просторот кој зјае празен, го „навредува погледот“ без зданија кои барокно би го развеселиле и кој би вдомил сè нови и нови скопјани.

Независно што постоеше некоја идеја за таканаречена „дескопјанизација“, вистината е дека тоа нема свој одраз во реалноста и сета земја полека но сигурно, во незапирлив процес, како низ инка, се претура во нејзиниот главен град. А тој, кутриот, станува убав, висок, широк, голем и пополнет – отворен град со широко срце и тесни, ограничени можности за секого што сака да се „скопјанизира“. Да, можеби некому ова ќе му заличи на тесноградост, на закожурченост во некаков скопски анимозитет, нааканост, што ли, кон оние надвор од неговите граници, но би сакал да ми се верува, нема ништо од тоа – напросто сите ние сме дошле од некаде отстрана. Меѓутоа, градот е тоа кога е функционален, логично урбанизиран, складен, возможен и пријатен за живеење, структуиран да одговори на потребите на неговите жители и така натаму. Скопје, простете, веќе не е тоа, ова е град проектиран според планови чиј печат е импровизацијата, трката по пари, нечија погрешна претстава дека големината автоматски му ги обезбедува значењето и вредноста, на нечиј исчанчен естетски критериум дека безгранично големото, пополнето на секој квадратен сантиметар, е и суштински убаво.

Хомер, ако добро се сеќавам, пишува дека Ахил три пати можел да ја оптрча Троја, тоа било сосема нормално и никому не му паѓало на ум да каже дека не станува збор за град. Денес, што се однесува до овој раширен и извишен град, опшиен со гипсените вињети на дпмнеовските архитекти на човечките души; град на плиткиот Вардар, во кој во место пловат кораби, античкиот јунак не би можел да го оптрча ниту еднаш, би папсал на половина пат, а тешко би се пробивал и низ метежот што го создаваат неговите бројни жители.

Скопје би морало да има градска мудрост, логика која ќе препознава кога е (пре)доволно, со вистински градски урбанистички план, кој нема да се менува постојано и да следи нечии индивидуални потреби, туку ќе е во функција на граѓаните; град кој ќе си ги знае границите, град не начичкан, не пренатрупан, град не галиматијас на урбанистички и архитектонски решенија, град не пренаселен и без небо над себе… И да, би сакал кога по некое отсуство ќе се вратам во него и кога, како и Гилгамеш ќе ги проверам неговите градски темели, да видам дека си стојат на своето место, цврсти и стамени, непроменливи – оние на кои се крепи градот.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ