Предсетаделот на ДУИ, Али Ахмети, на годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор на 13 август, ги кани на заедничка средба лидерите на парламентарните политички партии на Албанците, на Алтернатива Африм Гаши, Билал Касами на Беса, Зијадин Села на Алијанса за Албанците и Мендух Тачи на ДПА.
Од ДУИ најавија дека средбата би се одржала со почеток во 12:00 часот, во хотелот Парк во Скопје.