Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораките секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.
Хајредини за најновата најава на Владата за простување на долговите за струја, во вредност од 110 милиони евра, вели:
Ако ЕВН сака, како приватна компанија, да прости долг на граѓаните, може тоа да го направи и без дозвола и наредба од Владата. Не се гледа во што тука се состои улогата на Владата.